Еве пример како може во спортска сала да се носат штикли: Убавата Турчинка е сензација на интернет

Добивај вести на Viber

Селен Ердем (40) од Турција, која е тренер на кошаркарскиот тим на Панатинаикос, никогаш не носи патики на теренот. Таа самоуверено оди по подот во чевли со високи потпетици и наместо тренерки носи одело, што ја направи сензација на социјалните мрежи. Селен откри зошто не се откажува од својот елегантен стил на облекување во спортските сали.

За разлика од другите кошаркарски тренери кои избираат патики и удобна облека за време на натпреварите, Селен Ердем од Турција изгледа како да е на модна писта на секој натпревар. Елегантните салонки станаа нејзин заштитен знак, како и костумите кои одлично и прилегаат. Иако многу дами не би се осмелиле да одат по лизгав паркет со високи потпетици, Селен има објаснување зошто не ги соблекува ниту во спортска сала.

„Високите потпетици се мојот избор уште од денот кога почнав да тренирам. Ги застапувам жените и посебно внимание посветувам на обувките, накитот и облеката", вели Селен.

Таа е многу горда што многумина ја споредуваат со познатиот турски фудбалски тренер Фатих Терим и ја нарекуваат „Терим во штикли“. Со својот енергичен пристап и одлучност да ги сруши предрасудите и бариерите во светот на спортот, убавата Селен продолжува да инспирира и да го отвора патот за жените кои сакаат да се занимаваат како кошаркарски тренери.

За време на натпреварите, Селен не се двоуми да клекне додека им дава тактички инструкции на своите играчи. Таа исто така е активно вклучена во секој аспект од играта и реагира многу ентузијастички, правејќи ги игрите во кои се натпреварува нејзиниот тим многу интересни.

Надвор од теренот сака да носи провокативни фустани и да ја истакнува својата женственост.

View this post on Instagram

A post shared by Selen Erdem (@selenn_erdem)

Селен играла кошарка до 18 години, а потоа решила да се испроба во тренерската работа. Беше помошник селектор на турската кошаркарска репрезентација, учесник на Олимписките игри во Рио, како и на Светското првенство и на две европски првенства, од 2014 до 2019 година. Таа во Грција дојде од Анталија, а во својата богата кариера има бројни натпревари во женската кошаркарска Б лига во Турција.

Фото: Инстаграм
Извор: Zena.blic.rs