Со молитиви се бореше за спас на душите, а еве кои зборови денес треба да ги кажете: Ја празнуваме Преподобната маченичка Евдокија

Македонската православна црква и нејзините верници ширум светот денеска
го слават празникот посветен на преподобната маченичка Евдокија, светица која
се молеше за спас на душите, особено на оние кои, како што се наведува во
списите на МПЦ,
страдаат од неморална страст.
Живееше во феникискиот град Илиопол, во времето на царот Трајан. Беше прво голема развратница, а потоа покајничка, испосничка и најпосле маченичка. Со развратниот живот имаше собрано големо богатство. По Божја Промисла, пресврт во нејзиниот живот беше направил некој стар монах Герман, и тоа не сакајќи. Дојден по работа во градот, отседна кај еден христијанин чија куќа граничеше со куќата на Евдокија. Кога ноќе тој според својот обичај почна да чита од Псалтирот и од една книга за Страшниот Суд, Евдокија го слушна и ја обзеде таков ужас што остана будна до изутрина. А штом се зазори, таа испрати слуги да го замолат тој монах да дојде кај неа. Герман дојде и меѓу нив започна долг разговор за она што старецот го читаше минатата ноќ и воопшто за верата и спасението.
Како плод на тој разговор, Евдокија го замоли месниот епископ да ја крсти. По Крштението, сиот свој имот ѝ го предаде на Црквата, за да им се раздаде на сиромасите, ги отпушти своите слуги и робови, а самата се повлече во еден женски манастир. И толку одлучно се посвети на монашкиот живот во послушание, трпение, бдеење, молитва и пост, што после тринаесет месеци ја избраа за игуманија. Во манастирот проживеа педесет и шест години и се удостои Бог да ѝ даде толкава благодат што и мртви воскреснуваше. Кога извесен кнез Викентиј покрена гонење на христијаните, ја убија и светата Евдокија со меч. Таа е прекрасен пример како еден сад на нечистотијата може да се очисти и да се освети, да се исполни со скапоцен небесен мирис, со благодатта на Светиот Дух.
Молитва до светата преподобна маченичка Евдокија
Тебе, избрана од Бога од родот Самарјаните и повикана од бездната на пропаст во заградието на Неговата Света Црква, на свеченоста на првородените чии имиња се напишани на небото, преподобната маченичка Евдокија, принесуваме пофална песна, бидејќи молитвата на праведната жена пред милоста на Севишниот може да направи многу:
Радувај се, маченичка Евдокија, молитвенце за спасение на нашите души!
Редоследот на ангелите и душите на праведниците на Небото со голема радост се радуваат на еден грешник кој се кае - според вистинското Господово слово. А ние, родени од земјата, гледајќи како и ти натприродно беше доведен од длабочините на беззаконието на патот на спасението, убава Евдокија, се радуваме и благодарејќи Му на Господа, ти воскликнуваме пофалби:
Радувај се, зашто Бог преку тебе го откри чудото на Својата милост!
Радувај се, зашто на себе си ја покажал чудотворната сила на Христовата добрина!
Фото: Денови.мкИзвор: Денови.мк