Секое утро станува во 04:30 - раното будење ѝ го променило животот: Видеото за нејзиниот живот моментално е хит и најголема инспирација

Нејзиниот начин на живот е голема инспирација за многу луѓе кои живеат во големите градови. Најгледаното видео на Интернет моментално е за жена од Јапонија која ја прикажува својата утринска рутина на YouTube на нејзиниот канал Xíu House.

Таа станува секое утро во 4:30 часот и вели дека рано будењето ѝ го променило животот на подобро. Секое нејзино видео во рок од еден месец го гледаат повеќе од 5 илјади луѓе, а коментарите се многу позитивни.

„Колку смирувачки и мотивирачки!“;„Имам 80 години и вашиот начин на живот ме инспирира да се движам повеќе“, „Толку ме мотивираш!"...

View this post on Instagram

A post shared by Xíu House (@xius.house)


Во видеото таа покажува како станува рано, па вежба, па се грижи за себе, и растенијата на тераса, подготвува појадок, ја буди ќерка си, ја носи во градинка, па пие кафе и почнува да работи.

Нејзиниот ден започнува во 04:30 часот, а до 9 часот, кога ќе ја разбуди ќерка си и ќе ја однесе во градинка, таа ги извршува поголемиот дел од своите обврски. А, нејзиниот ден завршува во 21 часот кога оди да спие. Што е разбирливо со оглед на тоа што се буди многу рано.


Многу лекари и поборници за здрав начин на живот даваат приоритет на рано будење. Се смета дека најчистиот и најтивкиот период е во зори, а оние кои стануваат рано имаат време што можат да си го посветат на себе.

Погледнете го ова видео и кажете ни дали оваа жена ве инспирирала: