Исчезнале 74 донирани книги на македонски јазик од библиотеката во Диселдорф: Раскажува за Женски магазин Роберта која 17 години живее таму

Со заеднчка акција на Роберта Димитриевска Тиков и ФБ групата „Размена на книги и книжевни муабети“ биле собрани 104 книги и донирани во градската библиотека во Диселдорф. По кратко време на полиците имало само 30 книги, а останатите 74 исчезнале без трага.
Дел од книгите ги купила од саемот на книги, еден дел на старо, а еден дел добила како донација од членови на фб групата.
-Се купија и собраа 104 книги . Во септември 2018 година ќерка ми Сара беше во Скопје и помогна околу нивната испорака до Диселдорф. За жал само 30 книги беа одобрени и си го најдоа местото на полиците во градската библиотека во Дизелдорф, а другите исчезнаа без трага – вели Роберта и дополнува дека и покрај големите напори и бескрајни разговори со претпоставените, не успеала да ги пронајде.
-После три -четири години трчање и контакти со вработените во библиотеката која ја посетував еднаш месечно, за да видам каде заглавија книгите и зошто се уште ги нема во регалите, не добив одговор. Значи и овде во Германија не функционира сé онака како што си замислуваат некои луѓе во Македонија. Ако веќе се дава донација ,тогаш правото од донацијата го стекнува самата библиотека и тогаш одговорните може да прават што сакаат со донираните книги. Може не обрнаа внимание на мојата желба, за да ми бидат вратени сите книги, кои како градска библиотека ќе одлучат да не бидат ставени во регалите. Им посочив и тогаш . Секоја книга која нема да биде одобрена за да се најде во регалите сакам да ја подарам во библиотеките во другите германски републики, каде што има македонско население или пак да си ги задржам за мене – посочува Роберта.
-Тагата по изгубените книги почна да бледее, но преовлада она убаво чувство на сигурност и збратименост на сите кои ја подржаа акцијата и вложивме взаемната енергија. Голема благодарност за сите оние кои учествуваа во оваа моја акција и ме направија среќна. Би сакала да им се заблагодарам и на дамите Александра Ливриниќ, Вики Петровска, Вики Чабаркапа, Ленче Петрушева Кржаловска, Валентина Богоева, Маја Китановска, анонимната библиотекарка, Билјана Ристовска. Со нивното донирање помогнаа да го зголемиме фондот на книги кои ќе се најдат на полиците. Голема благодарност и до Виолета Стефанофска од Делчево која живее и работи во Барселона и Маја Китановска од Манхајм - заклучува Димитриевска Тиков.
Градската библиотека во Диселдорф има голем број книги на речиси сите светски јазици.
-Мое мислење е дека нивната политика на одлука е колку книги и на кој јазик ќе бидат поставени на полиците, според големината на државата и застапеноста на населението од таа држава која живее во Германија. Исто така има ноти за сите инструменти од ниво почетници до симфонии и опери, ( ноти за клавир, виолина, обоа хорна, хорски партитури итн.... и книги од композитори, плочи, цедеа,блу реј. Посебни студија за да се прават снимки. Посебни читални од еден читател и групи од 4 ,6 8 студенти или ученици. Има и пиано, каде може да се вежба со слушалки. Има посебен дел на бесплатен интернет каде секој може да го користи во текот на денот 2 часа.
Влегувањето во библиотеката е бесплатно, може да се читаат книги и весници -појаснува таа.
Соња Алексовска Неделковска