Дали Доналд Трамп Јуниор ја остави сопругата за да го импресионира татко му? Ја замени со оваа манекенка

Инаку синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот овие денови е во соседна Србија
Љубовниот живот на семејството на претседателот на САД е секогаш во центарот на вниманието, а последен кој ја разбранува јавноста е Доналд Трамп Јуниор, синот на Доналд Трамп, кој наводно е во врска со жена од високото општество, Бетина Андерсон, а сите сомнежи се дека има афера со неа за да го импресионира својот татко. Иако парот се уште официјално не ја потврдил врската, тие се видени како се бакнуваат на Палм Бич и често се појавуваат заедно во јавноста.
Доналд Трамп Јуниор претходно беше свршен со водителката на Фокс Њуз, Кимберли Гилфојл, со која почна да се забавува во 2018 година; Двојката дури купила заедничка куќа во 2021 година, но наводно се разделиле во 2024 година околу Велигден, според извештаите.
Дали Гилфојл знаелa за врската на Трамп Џуниор и Андерсон?
Иако подоцна се појавија извештаи за почетокот на романсата меѓу Андерсон и Трамп Џуниор, се тврди дека двајцата почнале да се забавуваат најмалку шест месеци пред врската да стане „јавна“. Наводно ja однел Андерсон на Алјаска и ја претставил 39-годишната социјалистка како своја девојка. Еден од пријателите на Гилфојл верува дека Андерсон почувствувалa што се случува, но одлучилa да го игнорира.
- Не е наивна, но лесно е да се залажувате кога сте толку посветени на некого и да верувате дека таа личност ви е посветена.
Која е Бетина Андерсон?
Бетина Андерсон е модел и инфлуенсер на социјалните мрежи. Таа има многу следбеници на Инстаграм и се опишува себеси како „типична домаќинка“. Тaa има своја фондација за едукација и помагање на институциите. Таа е ќерка на покојниот банкарски магнат Хари Лој Андерсон Џуниор, кој стана најмладиот банкарски директор во земјата на 26-годишна возраст кога ја презеде Националната банка Ворт Авенија.Која е Кимберли Гилфојл?
Кимберли Гилфојл дипломирала на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис и на Правниот факултет на Универзитетот во Сан Франциско. Таа стана обвинител во Сан Франциско и Лос Анџелес, Калифорнија и беше помошник окружен обвинител во Сан Франциско од 2000 до 2004 година. Таа пораснала со нејзиниот татко откако ја изгубила мајка си Мередес, дефектолог, од леукемија на 11-годишна возраст. Нејзиниот татко, Ентони „Тони“ Гилфојл, бил од Ирска и дошол во САД во 1957 година на 20-годишна возраст. Таа беше во брак со Гевин Њусом, поранешен градоначалник на Сан Франциско, а подоцна и со Ерик Виленси, наследник на бизнис со мебел.
Љубовната приказна на Кимберли Гилфојл и Доналд Трамп Џуниор.
Гилфојл почна да излегува со најстариот син на Доналд Трамп, Доналд Трамп Џуниор, во 2018 година, а парот се вери во 2020 година. Сепак, се шпекулира дека тие се разделиле откако Трамп Џуниор наводно почнал да излегува со социјалистката од Флорида, Бетина Андерсон.
Во 2021 година, парот купи куќа во Јупитер, Флорида. Трамп Џуниор беше во брак со поранешната манекенка Ванеса Трамп од 2005 до 2018 година и заедно имаат пет деца: Каи Медисон Трамп, Доналд Трамп Трети, Тристан Трамп, Спенсер Трамп и Клои Трамп. Се чинеше добро кога Доналд Трамп Џуниор објави годишнина со Гилфојл на Инстаграм нa 4 април 2024 година: „Среќна 6-годишнина Кимберли, ти благодарам што секогаш си oвде без разлика какви пречки ни фрлаат. Те сакам“.
Што тргна наопаку со Гилфојл?
Според изворите, Доналд Џуниор можеби раскинал со Гилфојл за да изгледа подобро во очите на неговиот татко, бидејќи не му се допаѓал нејзиниот стил, кој вклучувал тесни фустани. Мислеше дека Андерсон, со нејзината медено руса коса и манекенски изглед, ќе остави подобар впечаток на својот татко.
Дон Џуниор отсекогаш сакал да изгледа добро во очите на својот татко“, изјавил политички извор за People.
Инаку синот на американскиот претседател Доналд Трамп помладиот овиде денови е во соседна Србија. Тој во вторникот во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на Инстаграм ја истакна „важноста на стратешката соработка меѓу двете земји и заедничките проекти во наредните години“. За време на претседателската изборна кампања на Доналд Трамп, Вучиќ постојано нагласуваше дека „мнозинството српски граѓани навиваат за Доналд Трамп“.
ФОТО: Инстаграм