6 трендови од 1980-тите кои се враќаат - Проверете, можеби веќе ги имате во вашиот плакар ФОТО

Ах, осумдесетти... деценија на претерување, гламур и модни револуции.
Време кога музиката и модата танцуваа во ист ритам, создавајќи икони како Мадона и принцезата Дијана. И како што веќе знаеме, модата е циклична, потсетувајќи нè дека сè е минливо - освен добриот стил.
Оваа година подгответе се за враќање на максимализмот и разиграноста. Стејт ремени, андрогени костими, луксузно вештачко крзно и chunky аксесоари повторно ги освојуваат улиците и внесуваат доза на драма во нашите комбинации.
Погледнете ја галеријата за 6 трендови од 1980-тите кои се враќаат оваа сезона. Кој од овие трендови повторно ќе го прифатите?
Power Suit
Остро скроените костуми и женствените костими со миди здолништа и нагласени ремени ја враќаат моќта на модерната жена – не само во канцеларијата, туку и на вечерните излегувања. Овој деловен шик со примеси на машка естетика се враќа во тренд и носи софистицираност и став.
Аеробик стил
Да, добро прочитавте! Иконските боди од ликра се вратија во игра - и во похрабри бои од кога било. Хеланки во светли нијанси, бели slouchy чорапи во комбинација со патики и ленти за коса го враќаат духот на осумдесеттите на улиците. И најдобро од се? Не мора ни да одите на тренинг за да ги носите!
Гламурозни палта од вештачко крзно
Екстравагантен, луксузен, со став. Џиновските бунди кои некогаш ги носеа дивите, сега се враќаат во вегански верзии, но ја задржуваат таа неодолива доза на холивудски гламур. Нашиот омилен? Модел со ремен на половината – па 80-тите не може да биде повеќе!
Chunky накит
Кој не сакал преголеми обетки, златни обрачи, масивни нараквици и прстени на секој прст? Овој драматичен накит, инспириран од стилот на најстилските жени во таа деценија, сега е повторно задолжителен и идеален начин да ja направите облекаta повпечатлива.
Color-blocking
Еден од најхрабрите трендови од осумдесетите се враќа токму на време за пролет! Светли, контрастни бои во смели комбинации ја освежуваат вашата гардероба и внесуваат динамика во вашиот секојдневен стил. Не плашете се да експериментирате - модата треба да биде забавна!
Враќање на квалитетната мода
Додека брзата мода продолжува да доминира, се повеќе познати личности се свртуваат кон архивските колекции на луксузни брендови, во потрага по автентичност и квалитет. Иако можеби немаме буџет за висока мода, можеме попромислено да избереме парчиња што ќе траат – исто како класичниот костум од плакарот на мајката, кој секогаш го спасува денот на деловните состаноци.
ФОТО: Инстаграм