Диетата на Тања Савиќ со која го стопи салото на стомакот и бутовите: Исфрлила една намирница од исхраната и се „преполови“

Добивај вести на Viber

Како најефикасна се покажала диетата на Тања Савиќ, која ѝ помогнала на пејачката да ги изгуби салото од стомакот и бутовите.

Тања Савиќ долго време се бореше со вишокот килограми, а потоа со прилагодување на исхраната успеа да го намали салото од стомакот.

Нејзините оброци биле умерени и лесни, а целата нејзина исхрана се базирала на зеленчук и протеини.


Таа откри и дека лебот целосно го исфрлила од исхраната, а познато е дека тоа предизвикува празнење на насобраната вода во телото и „надуеност“ на стомакот.


- Почнав на детоксикација и требаше да пијам само сокови од овошје и зеленчук, но не можев да издржам без да ставам храна во уста. Исцедените сокови ги имав за појадок и решив со нив да имам помали и полесни оброци. Јадев салати, пилешко, риба... Се разбира, се без леб. Буквално ја преполовив количината на храна што ја јадев и тоа брзо ми донесе резултати - изјавила Тања и додала дека како и повеќето жени се дебелее во пределот на стомакот.


Нејзиниот најголем проблем бил салото на стомакот, а благодарение на диетата која ја следи, таа тврди дека повеќе нема ниту грам сало на стомакот.

- Штом ќе накачам некој килограм, стомакот веднаш ми се зголемува и тоа ме нервира. Конечно успеав да го симнам! Сега никаде немам вишок. Навистина се стегнав во тој дел од телото и многу сум задоволна од тоа како изгледам. Склона сум на дебелеење, па морам одвреме-навреме да ја регулирам исхраната за да ја задржам витката линија – искрена е таа.


Мени

Појадок: Сок од овошје и зеленчук

Ручек: Пилешко и салата

Вечера: Риба

Совет: Јадете повеќе пати во текот на денот, но одржувајте ги помалите и почести оброци.