Ако размислувате за преселување: Ова е земјата која е најдобра за растење на деца во 2025 година!

Добивај вести на Viber

Преселувањето во странство не е секогаш само начин да го подобрите сопствениот квалитет на живот - за оние со семејство, преселувањето во друга земја може да биде повозбудлива, попросперитетна или побезбедна опција и за вашиот партнер и за децата.

Но, кои земји се најпогодни за семејства? Одговорот доаѓа од новиот Индекс за имиграција на Ремитли. Оваа платформа за трансфер на пари анализираше 82 земји според 24 различни фактори и го прогласи Исланд за најдобра дестинација за преселување воопшто.

Меѓутоа, ако го селите семејствоти, важно е да размислите за дополнителни критериуми. За да одреди кои земји се најпогодни за семејството, Remitly ги анализираше трошоците за згрижување деца, просечниот број на години на образование за возрасни и очекуваните години на школување во секоја земја.

На врвот на листата на најпријателски земји за семејството е Шри Ланка, тропска островска држава во Индискиот Океан. Со вкупен семеен индекс од 88 од 100 поени, земјата се издвојува благодарение на, како што наведува Ремитли, импресивниот образовен систем и исклучително ниските годишни трошоци за згрижување деца, кои изнесуваат само 354,60 долари.

Шри Ланка нуди голем број причини зошто е одлично место за живеење - од богато историско наследство и бујна вегетација до фантастичната кујна.

Освен тоа, ова е вистински рај за љубителите на природата. Националните паркови Уда Валаве и Кумана се дом на неверојатна разновидност на диви животни, вклучувајќи слонови, диви биволи, џиновски верверички, елени, крокодили, бели кобри и мноштво егзотични птици - зарем тоа не звучи како вистинско чудо да се порасне токму таму?

Шведска го зазеде второто место на листата, додека Норвешка на третото место. 

Десетте најпогодни земји за преселба со семејството во 2025 година се:

-Шри Ланка

-Шведска

-Норвешка

-Нов Зеланд

-Исланд

-Германија

-Финска

-Данска

-Австралија

-САД