За поубав ден: Повторувајте ги овие реченици секојдневно и ќе видите како животот ви се менува

Знаете дека нешто што го повторувате многу пати по одредено време почнува да изгледа вистинито и реално. И иако можеби не верувате во моќта на автосугестија, имајте на ум дека не ве чини ништо да се обидувате да ги кажувате овие реченици секој ден за да се чувствувате подобро.
„Секој ден е нова шанса за успех и среќа.“
Многу е веројатно дека не верувате во оваа реченица, но ако ја повторувате неколку недели, некои работи драстично ќе се променат. Имено, можеби нема да се збогатите преку ноќ, но секако ќе го префрлите фокусот од лоши работи на мали успеси и победи, а тоа ќе ве мотивира да бидете уште подобри во секој сегмент.
„Мојата сила расте одвнатре, секој ден се повеќе и повеќе.“
Сите понекогаш се чувствуваме меланхолично и тромно и ни треба нешто што ќе нè поттикне. Ако немате доволно сила да одите на тренинг, можете да се мотивирате додека не ви се зголеми силата.
„Храброста е клучот што ја отвора вратата на мојот потенцијал“.
Префрлете го фокусот од лошите работи и осмелете се да промените нешто ако се чувствувате заробени некое време. Ако сте уплашени, вознемирени и бавни, ќе ви биде тешко да се присилите на радикални промени. Затоа прво направете мали промени во вашиот живот.
„Со секој предизвик станувам посилен и помудар.“
Ова е сосема јасно. Ако ги избегнувате предизвиците, ништо нема да ви се случи. Подобро е да се каеш што си пробал нешто отколку да жалиш што никогаш не си пробал ништо. Кажете ја оваа реченица секој ден за да ви помогне да гледате поинаку на предизвикувачките ситуации.
„Секој момент е можност да бидам најдобрата верзија од себе“.
Иако „најдобрата верзија од себе“ очигледно стана клише што го користат многумина, осмелете се да го искористите најдоброто од оваа реченица. Ако ја чистите куќата, исчистете ја најдобро што можете или ако подготвувате ручек, направете го тоа на најдобар можен начин. Прифатете ја оваа реченица и секогаш ќе се трудите да бидете добри во се.