Тамара Калиниќ шокираше на ревијата во Париз, сите гледаа во нејзината уста: Ваква естетика не се очекуваше од неа

Добивај вести на Viber

Најуспешнaта српска инфлуенсерка не ги пропушта Европските модни недели. Тамара Калиниќ присуствуваше и на ревиите во Париз, а посебно внимание привлече едно нејзино модно издание.

Тамара Калиниќ знае дека Модната недела е место каде се промовираат смелоста и ставот, каде што можете да облечете ново парче или да излезете од вашата комфорна зона, а притоа да останете свој.

На ревијата на Валентино, Тамара се појави во црна и прилично минималистичка облека, но еден детаљ предизвика вистинска врева.


Имено, Тамара носеше необичен детаљ на усните, што предизвика експлозија од различни коментари на нејзиниот Инстаграм.

„Деталот на усната изгледа сурово. Како дизајнерот на ова да не сака жени“, „Воопшто не е елегантно“, „Ова е вознемирувачко, нешто што Канје Вест би побарал од сопругата да го облече за да ја понижи“...


Накитот за усни не е нешто ново во модата, но отсекогаш бил предмет на контроверзии. Пирсингот е нешто што или го обожавате или не разбирате зошто некој го носи. Така е и со накитот за усни.

Сепак, дали реакциите ќе беа толку бурни доколку ова парче го носеше друг инфлуенсер или едноставно никој не очекуваше ваква естетика од Тамара Калиниќ?


ФОТО: Официјален инстаграм профил Тамара Калиниќ