Шест начини како да носите предимензиониран блејзер оваа пролет+идеи со кои ќе привлечете внимание секаде

Добивај вести на Viber

Во последните неколку сезони, блејзерите станаа ѕвезда на многу комбинации, а се парчиња кои се носат во текот на целата година.

Во зима го комбинираме како совршен додаток на слоевити комбинации, а во пролет е одлично модно парче кое во свежите утра е секогаш добредојдено . Во моментите кога немаме инспирација или желба да се потрудиме да создадеме модна комбинација, туку сакаме стилски изглед, блејзерот е вистинското решение.

Оверсајзд или предимензионираните блејзери оваа сезона се носат во различни кроеви, бои и во различни стилски пригоди. Многу модни инсајдери се свртуваат и кон кратки, предимензионирани блејзери за да создадат поструктуриран изглед. Играњето со должините и големините на одредени парчиња е секогаш добра идеја. 

За среќа, многу блогери се дарежливи во споделувањето на нивните комбинации со нас, а ние најдовме неколку кои ќе ве инспирираат без напор да креирате кул комбинации во кои ќе се чувствувате добро. Факт е дека секој добар блејзер ни дава дополнителна самодоверба, дури и преку најосновните комбинации, а денешните идеи ги „крадеме“ од инстаграм профилот на Јасминка Трајковска.



ФОТО: Приватна архива Јасминка Трајковска