Родена да живее на плажа: Таа е фолкерката која се прероди во Австралија

Добивај вести на Viber

Сања Ристеска е една од попознатите млади фолкерки кои заминаа во Австралија. 

Сања која важи за атрактивната пејачка која ја познаваме и по контроверзниот голем хит „Раке пуке, раке шлаке“, дефинитивно се прероди со преселбата во топлата земја.



Знае да изненади со фотографии како го поминува времето кога е без обврски, а овој пат сподели како навистина полни батерии и му се насладува на животот. Сања знае како да си угоди на себе си. 

Сања директно од плажа, го покажа згодното тело, на кое ѝ завидуваат колешките, но и многу дами.

Таа се пријави од Белс Бич плажата, крајбрежен локалитет во Викторија, во Сурф Коуст Шире и позната плажа за сурфање, лоцирана на 100 километри југо-западно од Мелбурн, на Големиот Океански пат во близина на градовите Торки и Јан Јук.

Сања веќе две години како живее и твори во Австраија. Музиката уште е нејзина прва љубов, а редовно има и настапи.



ФОТО: Инстаграм / Сања Ристеска