Симон Трпчески на сцена со ќерката: Приреди незаборавен концерт-кој за празниците ќе биде традиција

Добивај вести на Viber

Единствениот македонски виртуоз Симон Трпчески синоќа приреди незаборавен концерт како што само тој знае и умее.

Емотивно на сцена изненади кога ја запеа новогодишната песна I'll be Нome for Сhristmas заедно со ќерката Лара.

Лара која е талентирана на татко ѝ, на сцена сама ја испеа песната It's Beginning to Look Like Christmas.


Двајцата ја воодушевија публиката која се забавуваше на концертот кој е малку да се каже дека личеше на концерт од светски калибар.

Пијанистот со светски глас, маестро Симон Трпчески и пријателите, приредија новогодишен концерт насловен како „Новогодишна музичка идила со Симон и пријателите“ – и нè водеа низ светот на најубавите музички класици.

Во првиот дел од концертот се одвиваше свита од балетот „Оревокршачка“ на Чајковски со четирирачна изведба на пијано, за која на Трпчески му се придружи пијанистот Шкељзен Бафтијари, негов поранешен студент, активен во образовната дејност. Настап имаше и дел од балетскиот ансамбл на НОБ и балетските првенци Марија Кичевска и Бобан Ковачевски.


Во вториот дел од програмата имаше класичен репертоар и изведба на дела од Моцарт, Лехар, Верди, Штраус…, кои беа изведени од музичари меѓу кои и членови на ансамблот на проектот на Трпчески, „Македонисимо“. Изведени беа и избор од класици во поп музиката, како легендите Дин Мартин, Френк Синатра, Нет Кинг Кол…, до помладите Мараја Кери и Мајкл Бубле.

Овие нумери беа слушнати во „поинакво руво“, обработени специјално за овој концерт од композиторот Панде Шахов. Настапија и двајца оперски солисти – сопранот Гонца Богоромова-Краповски и баритонот Иван Наумовски кои, дадоа поинаква димензија на овие класици.


Концертот се случуваше во арената „Борис Трајковски“ во организација на „Прагма продукција“.

Уживајте во галеријата:


РЖМ

ФОТО: Вангел Тануровски