Одложен концертот на Пеџа Јовановиќ во Скопје: Еве го новиот датум

Добивај вести на Viber

Менаџментот на Пеџа Јовановиќ и EVENT GROUP Team го одложија концертот на пејачот кој на 5 април треба да одржи настап пред скопската публика во СЦ Јане Сандански. 

Причината за оместувањето на датумот е трагедијата во Кочани.

Како што соопштија организаторите, концертот се поместува за 15 мај, четврток.

„Драги пријатели, 

Сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму... 

Заедно со Пеџа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток 15 мај. Се друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум. Се надеваме на разбирање и однапред Ви благодариме на истото“, соопштија од EVENT GROUP Team“ .