Викторија сама го реновираше тоалетот од под до плафон! Сите зачудено гледаат што направила од трошниот простор – сега има луксуз
Ако мислевте дека реновирањето на бањите е кошмар, тогаш сè уште не сте ја виделе Викторија која сама ја преуредила својата бања од подот до таванот!
Бањата е една од најважните простории во куќата, а реновирањето на бањата е зафат за многумина, бидејќи бара детално планирање, организација, мајстори и време, но една жена докажа дека сето тоа може да го направи сама.
Имено, Викторија својата стара бања ја претворила во најлуксузната оаза.
Ги замени старите сини плочки, кадата, мијалникот, го смени распоредот и покажа како вистинските бои и добро усогласените елементи можат да направат огромна разлика.
Со комбинација на плочки со различна текстура, но слични нијанси, таа ги нагласи различните делови од просторијата со избирање на големи плочки без релјеф за ѕидовите и подот, а го истакна делот од ѕидот каде што е сместена туш кабината со ребрести помали плочки што даде дополнителна димензија.
Таа ја замени големата, непрактична сина када со црна туш кабина која даде посебен шмек на луксуз, а деталите како бел мијалник и огледало само го отворија просторот.
Најинтересно е што Викотрија сето тоа го направи сама, а нејзиното видео го погледнале над 40 милиони луѓе.
Фото: Принтскрин/ ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs