ГЕРМАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ, ДУБАИ ЧОКОЛАДОТО НЕ Е ПОГОДНО ЗА ЧОВЕЧКА ИСХРАНА! Направија анализи, еве што покажаа за хитот во светот

Добивај вести на Viber

Чоколадото од Обединетите Арапски Емирати, како што покажува анализата, е загадено до тој степен во текот на производствениот процес што е непогодно за човечка исхрана.

Многу штетни состојки се пронајдени во примероците од чоколадото од Дубаи увезено во Германија, соопшти во четвртокот Министерството за потрошувачи на сојузната покраина Баден-Виртемберг.

„Од случаи на измами до опасности по здравјето, речиси сè беше откриено во првите тестови на увезената чоколада од Дубаи“, рече министерот за заштита на потрошувачите во Баден-Виртемберг, Питер Хаук.

Сите осум тестови испитани од провинциската Канцеларија за хемиски и ветеринарни истражувања открија загадувачи, алергени, вештачки бои и масти, освен путерот од какао, единствената маст дозволена во чоколадото.

„Поради малиот број примероци, не можеме да зборуваме за тренд, но наодите се многу загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.

Подетално читајте на Фактор тука.