Газдите на кучето кое лани усмрти дете во Пинтија не се криви: Детето скокало преку ограда без надзор
Сопствениците на кучето кое во април 2023 усмрти осумгодишно дете не се виновни за грозоморниот чин.
Ова гласи во постапката чиј случај е затворен.
Имено, детето кое настрада , ја прескокнувало оградата вез надзор, иако претходно му било укажувано да не го прави тоа. Во болница детето било однесено во безживотна состојба, а реанимацијата не била успешна, било без срцева акција и не дишело.
Местото, односно имотот на чувателите на миленикот било обезбедено, куќата била оградена и биле преземени сите аконски и подзаконски мерки – до знак за забранет влез - кажал обвинителот под чија палка бил предметот.
Како што стои во предметот, била направена обдукција која ги утврдила причините за смртта на детето, се испрашувале вештаци, но од целокупниот собран материјал и докази е утврдено дека се работи за несреќен случај, и била донесена резолуција да се заврши постапката.