Забременила на 40 години, ѝ аплаудирале за херојскиот подвиг, а ова е нејзиното искуство: 10 работи што една „постара“ мајка треба да ги знае

Добивај вести на Viber

Искуство на жена која во 40-тите се омажила по втор пат и добила дете

Имав 35 години кога се омажив по втор пат. Веќе имав 17-годишен син од првиот брак и не ми паѓаше на памет да родам уште едно дете. Бев во фазонот: „Сега дојдоа моите пет минути. Сега ќе го живеам животот. Ќе одам на концерти, музеи, театри, ќе излегувам до доцна со сопругот, ќе се бакнувам на улица, ќе правам сè работите што не можев да ги направам затоа што на 18 години останав во блажена состојба и родив дете...“

Но, не беше тоа баш така - мојот нов сопруг сакаше да има свое дете. Џабе му велев дека бебе е тешка работа, како ќе го буди навечер, како ќе ни боли грбот од нишање и слично - не се откажа.

И тогаш, поради неговата голема желба, попуштив. Му реков: „Во ред, ќе се обидам да забременам“, додека верував во себе дека нема шанси за бременост бидејќи веќе имам 40 години. Мојот поглед беше свртен на менопауза.

Но, се чини дека моето тело не беше подготвено да се препушти на староста, забременив многу брзо.

Бременоста беше совршена: Се заљубив во себе и во својот изглед. Мажот беше неверојатно совршен и на седмо небо. Сите околу нас буквално аплаудираа велејќи дека сме херои што се осмеливме да го направиме овој голем подвиг.

Несвесна што правиме херојски, родив син кој сега има една година и тежи 14 килограми. И сега сум пресреќна кога ќе го видам и со неверување си речам - еј, ова е мое дете!!!

Ако сега имате 36 и кусур години, еве го моето мислење зошто е добро да се роди бебе на 40 години:

1. Во 40-тите ве боли уво за сите добронамерни совети, завист, туѓи мислења итн. Развивте некој сериозен зен и сега се чувствувате како супермајка.

2. Сега кога имате бебе мора да бидете млади. Затоа, во моите 40-ти, морам да одам на фризер, да имам средени нокти и да се дотерувам што е можно повеќе бидејќи не сакам никој да мисли дека јас сум баба на моето дете.

3. Постарото дете со задоволство и разбирање се грижи за помалото дете. Секогаш кога сакам да излезам на концерт или на кино, му се јавувам на син ми кој со задоволство доаѓа да го чува својот помал брат.

4. Не се плашам од дебелеење. Сега знам дека тежината е променлива работа. Ако сум се здебелила имаш шасни да ослабам.

5. Докторите ве гледаат поинаку. На 18 години, кога го родив моето прво дете, почувствував дека ме гледаат како несериозна девојка. Сега ми се обраќаат со почит.

6. Другите мајки во паркот внимателно слушаат што имате да кажете - затоа што сте девојка со искуство.

7. Го почитувам своето тело повеќе од кога било. Еј, сега знам што може да направи.

8. Детето е одлична превенција од Алцхајмерова болест - нема опуштање, мозочните клетки работат милион пати на час.

9. Нема повеќе непотребни жртвувања – штом некој ми понуди помош, целосно ја искористувам.

10. Ги знам моите приоритети. Ако се грижам за бебето - се грижам за бебето. Тоа значи дека не можам да успеам да ја исчистам куќата, да зготвам 5 оброци или да забавувам толпа луѓе.

А какви се вашите искуства со бременоста во четириесеттите?