12 фрази кои покажуваат дека имате висока емоционална интелигенција, според психолозите: Ако ги изгововарате, совршено ги контролирате чувствата и животот

Добивај вести на Viber

Емоционалната интелигенција не е само трендовски термин, туку моќна алатка за постигнување успех во личниот живот и на работа. Тоа го одредува начинот на кој комуницираме со луѓето околу нас, како се справуваме со стресот, градиме односи и ги постигнуваме нашите цели.

Емоционалната интелигенција полека, но сигурно станува област на која се повеќе и се придава значење и чија важност се препознава, а психологот Даниел Голман откри дека нејзината основа се состои од четири клучни точки:

- самосвест

- самоуправување

- социјална свест

- управување со односите

Меѓутоа, дали и до кој степен емоционалната интелигенција е вашата силна страна, може да се разбере врз основа на фразите што ги користите во комуникацијата секој ден.

1.„Можам тоа да го поднесам“

Станува збор за самоуправување: способност да управувате со вашите емоции, импулси и однесување, создавајќи добро расположение за себе и за другите. Не дозволувате гневот, стравот и вознемиреноста да влијаат на вашето однесување и одлуки.

2. „Имам простор за раст“

Станува збор за самоуправување, но и за позитивен став. Способни сте да го одржите оптимизмот и самодовербата, дури и во тешки моменти. Ова е способност да се видат можностите за раст и личен развој, и покрај неуспесите.

3. „Ми се допаѓа како работите се променија“

Адаптацијата е вештина која исто така спаѓа под капата на самоуправувањето. Способност за прилагодување на промените, прифаќање нови предизвици и учење нови работи. Ова значи дека сте отворени за промени и подготвени да излезете од вашата комфорна зона.

4. „Знам што е важно“

Вештините за самоуправување не би биле целосни доколку не работите редовно на „порамнување на целите“. Станува збор за способноста да ги дефинирате вашите цели, да развиете план за нивно постигнување и упорно да ги следите, и покрај пречките.

5. „Мислам на ова затоа што ...“

Тука доаѓа самосвеста! Добро се разбирате себеси, можете да ја наведете секоја емоција што ќе ја искусите и да објасните зошто се чувствувате така. И ако можете, тоа значи дека ја контролирате вашата емоционална состојба.

6. „Разбирам како се чувствуваш“

Социјалната свест е првенствено за емпатијата. Способност да се разберат емоциите, мислите, мотивите и перспективите на другите. Тоа е способност да се разберат ситуациите како целина и да се види „големата слика“ наместо да се суди ситуацијата само од сопствена гледна точка. Знаете како да ја понудите својата поддршка и помош.

7. „Овде се работи вака“

Овде станува збор и за социјалната свест и способноста да ги организирате сопствените и туѓите активности: ја разбирате динамиката на меѓучовечките односи, нормите и правилата на општеството, ги гледате културните карактеристики и правите разлика помеѓу контекстите.

8. „Што ако го направиш тоа на овој начин?

Станува збор за управување со односите и способноста да се влијае на другите луѓе. Овде е важно да можеш да градиш и одржуваш позитивни и продуктивни односи со луѓето, да убедуваш со помош на убедливи аргументи.

9. „Ќе се справиме“

Станува збор за способност за мирно решавање на конфликтите, наоѓање компромис и грижа за интересите на сите страни. Знаете како правилно да реагирате во конфликтни ситуации без да дозволите вашите емоции да ве надвладеат. Го барате коренот на проблемот и се фокусирате на негово решавање, а не се обидувате да „победите“ во расправијата.

10. „Ако се случи нешто, ќе се покриеме“

Друга корисна вештина е способноста да се работи во тим, да се соработува и да се работи кон заедничка цел. Тоа значи дека знаете да делегирате задачи, да ја прифатите одговорноста за своите постапки и да ги почитувате мислењата на колегите.

12. „Тоа би ти помогнало“

Некои луѓе знаат да ја преземат улогата на тренер и ментор во одреден момент, да ги поддржуваат луѓето во тешките периоди, да споделуваат совети и препораки. Ако имате развиена емоционална интелигенција, со задоволство ќе им помогнете на другите луѓе да се развијат во случај да не се толку искусни како вас.

Фото: Freepik.com
ИЗвор: Zena.blic.rs