Кристина Димитри повторно е сама: Го остави дечкото поради ова
Откако во јавноста зрачеше со занесна љубов и заљубеност, поранешната мисица, а денес пејачка Кристина Димитри откри дека ставила крај на нејзината врска.
По скоро една година забавување со момчето на кое до неодамна не му го откриваше ниту лицето, пејачката решила да стави крај поради како што напиша „врз основа на нејзина одлука“.
„Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата... Врз основа на моја одлука, ставив крај на нашата врска.
П.С Тој често ми ја посветуваше оваа песна (Дугујем ти себе), па со истата ќе ја затвориме оваа голема љубов“, напиша на Стори, Димитри.
Таа со јавноста сподели и дали е среќна откако раскинала со момчето, одговарајќи на порака која ја добила од обожавател/ка.„Јас сум секогаш насмеана! А среќата е во самите нас!!“.
Инаку, пејачката во една прилика изјави дека нејзиниот поранешен сопруг Даниел Кајмаковски најверојатно живее живот само колку нешто да ѝ докаже и дека ако не си го сака првото дете од нивниот брак, не може да си го сака и второто.
Поттикната од тоа дека нејзиниот син секогаш ќе си го поставува прашањето зошто неговиот татко е таков, таа го кажа јавно своето мислење на оваа тема.
-Ако не си го сакаш прво, не може да го сакаш ниту второто дете, и мислам дека живее живот за нешто да ми докажува мене што мене ми е навистина многу тажно, зашто едно дете секогаш ќе се прашува зошто мојот татко е таков. Јас откако го знам доживувам само лоши работи и сплетки, но мислам дека никој не може да биде толку моќен да ти наштети колку што Господ ти ги отвора вратите …, изјави Кристина.
Р.Ж.М.
Инстаграм