Ребрендирање и револуционерна апликација: MINT Fintech Group го слави својот 8-годишен јубилеј

Добивај вести на Viber

MINT Fintech Group, еден од лидерите во финтек секторот во Македонија, вчера во Офицерски дом во Битола, свечено го прослави својот 8-годишен јубилеј. Настанот, кој обедини водечки личности од деловниот и светот на финансиите, беше посветен на ребрендирањето на компанијата и премиерата на нејзината револуционерна мобилна апликација.

Новата апликација на MINT Fintech Group, нуди интегрирано решение кое ги обединува најважните финансиски услуги, како што се плаќања, осигурување, програми за лојалност, туристички услуги и менувачки курсеви, сето тоа на едно место. Со својата едноставност и современ дизајн, апликацијата овозможува максимално корисничко искуство и транспарентност.

На настанот се обрати генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, кој ја истакна важноста на оваа нова фаза за компанијата:

„Со ова ребрендирање и лансирање на апликацијата, ние не само што воведуваме нова технологија, туку создаваме екосистем кој ќе ги редефинира финансиските услуги во Македонија. Нашата цел е да бидеме партнери на клиентите во секој аспект од нивните финансиски потреби, нудејќи им безбедност, удобност и брзина како никогаш досега.“

На свеченоста беа претставени клучните предности на апликацијата и персонализирани понуди за корисниците. Посетителите имаа можност да погледнат и изложба „Патот на парите, од праисторијата до денес” и да ги истражат временските епохи од првите монети до апликацијата.

За MINT Fintech Group

Основана пред осум години, MINT Fintech Group стана симбол на иновации во финансискиот сектор во земјата. Со тим од посветени професионалци и модерна технолошка платформа, компанијата продолжува да воведува нови стандарди на пазарот, поставувајќи ја основата за финансиските услуги на иднината.

ПР објава