Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025
Иновативниот
фрижидер ја револуционизира технологијата на ладење со Peltier модулот, кој придонесува за ефикасно
користење на енергијата со AI алгоритам, подолго зачувување на храната и повеќе
внатрешен простор
Samsung Electronics најави дека ќе ги претстави новите фрижидери со AI технологија за хибридно ладење на саемот CES® 2025, кои ќе бидат подготвени за претставување на глобалните пазари оваа година. Овие нови фрижидери ја воведуваат AI технологијата за хибридно ладење, која комбинира вештачка интелигенција со иновативни методи за ладење за да ги задоволи разновидните потреби на модерните домаќинства.
„Бидејќи фрижидерот работи 24/7, ставивме силен акцент на развојот на систем за ладење, кој значително ја подобрува енергетската ефикасност за корисниците,“ изјави Џонг Сеунг Мун (Jeong Seung Moon), извршен потпретседател и раководител на тимот за истражување и развој на дигитални апарати во Samsung Electronics. „Со глобалното претставување на AI технологијата за хибридно ладење, ја истакнуваме нашата посветеност на технолошките иновации во апаратите за домаќинство. Ќе продолжиме да воведуваме апарати кои вклучуваат иновативни технологии за да го направат секојдневниот живот на потрошувачите поудобен.“
Оптимизирајте ја енергијата преку адаптивно хибридно ладење
AI технологијата за хибридно ладење комбинира високо ефикасен компресор со Peltier модул[1], кој е полуспроводнички уред што постигнува ладење со искористување на температурната промена предизвикана од протокот на електрична енергија. Воведувањето на Peltier модулот овозможува фрижидерот да функционира како хибриден автомобил, користејќи два извора на енергија истовремено, само кога е потребно за ефикасно ладење на внатрешноста на фрижидерот.
На пример, кога ќе се детектира или предвиди значителна потреба за ладење – како кога ќе се додадат многу продукти одеднаш по пазарење, при складирање на топла храна или за време на топлото лето – фрижидерот го активира Peltier модулот заедно со компресорот. Сепак, при нормална употреба, тој се потпира исклучиво на компресорот за да обезбеди оптимална ефикасност. Во овој процес, AI алгоритамот го детектира моменталниот статус на фрижидерот и ги предвидува температурните промени во неговата внатрешност за соодветно прилагодување на режимот на ладење.
Високо ефикасниот AI инвертер компресор[2], исто така, придонесува за ефикасно користење на енергијата, благодарение на напредниот дизајн кој го зголемува радиусот на неговите ротирачки компоненти. Со 4.1 пати поголема инерција во споредба со стандардниот F3 компресор[3] на Samsung, тој работи подолго со помала потрошувачка на енергија[4]. Со користење на AI алгоритам, компресорот динамички ја оптимизира својата брзина.[5]
Како резултат на континуираните напори, Samsung планира да претстави модел кој ќе биде препознаен како Најефикасен[6] според ENERGY STAR во 2025 година на пазарот.
Продолжена свежина со прецизна контрола на температурата
AI технологијата за хибридно ладење ја подобрува свежината на лесно расипливите производи со функцијата Хибридно прецизно ладење (Hybrid Precise Cooling), која кога ќе се активира, ја намалува внатрешната температурна флуктуација во фрижидерот – дури и за време на автоматските циклуси на одмрзнување на уредот. Користејќи ја преостанатата топлина од Peltier модулот за време на процесот на одмрзнување, се намалува можноста за прекумерни температурни промени кои можат да го нарушат квалитетот на храната. Како резултат, храната останува посвежа и подолготрајна. Тестовите покажуваат дека кога е вклучена функцијата Хибридно прецизно ладење (Hybrid Precise Cooling)[7], свежите продукти како свинско месо и лосос, можат да траат до 1,4 пати и 1,2 пати подолго, соодветно[8], во споредба со тоа кога функцијата е исклучена.
Обезбедете повеќе простор за складирање и секојдневна удобност
Фрижидерите со AI технологија за хибридно ладење ја редефинираат ефикасноста на просторот со импресивен капацитет[9] од 900 литри, нудејќи подобрена функционалност додека ги задржуваат истите надворешни димензии. Со замена на традиционалните грејни елементи со Peltier модулот, просторот во внатрешноста се користи поефикасно, што резултира со зголемување на внатрешниот капацитетод 25 литри. Ова овозможува подлабоки полици[10] за 60 мм и 13,8%[11] поголема површина за складирање, со простор за до 240 лименки[12] пијалаци — 24 повеќе од конвенционалните модели.
Чекор напред за ладење во домот
Фрижидерите со AI технологија за хибридно ладење го претставуваат посветувањето на Samsung во комбинирање на интелигентната технологија, енергетската ефикасност и кориснички ориентираниот дизајн. Со своето деби на CES 2025, овој иновативен апарат е подготвен да го редефинира животот во современиот дом и да го отвори патот кон нова ера на домашни решенија базирани на вештачка интелигенција.
###
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.
[1] Peltier модулот работи под еден од следните услови:
- Кога температурата во фрижидерот ќе се зголеми над нормалниот опсег.
- Кога AI ги анализира навиките на корисникот при користење на фрижидерот, ја предвидува температурата по одреден период и открива ситуации како масовно складирање или чистење..
[2] AI инвертер компресорот бара Wi-Fi конекција и Samsung сметка, како и активирање на режимот AI Energy преку апликацијата SmartThings, која е достапна за уреди со Android и iOS.
[3] Врз основа на внатрешни тестирања во споредба со конвенционалните F3 компресори на Samsung.
[4] Применливите модели и стапката на заштеда на енергија врз основа на AI алгоритамот варираат во зависност од моделот и регионот.
[5] Режимот AI Energy мора да биде активиран во апликацијата SmartThings, која е достапна за уреди со Android и iOS. Потребна е Wi-Fi конекција и Samsung сметка.
[6] Шифра на моделот: RM80F23VM***
[7] Може да ја зголеми количината на потрошена енергија.
[8] Врз основа на тестирањата спроведени од Центарот за истражување на анализа на храна при Женскиот универзитет во Сувон. Ефектите може да варираат во зависност од условите на работење на фрижидерот, како и од видот, состојбата, големината и начинот на складирање на храната.
[9] Капацитетот и другите бројки се разликуваат во зависност од шифрите на моделите. Следните бројки се базирани на моделот RM70F91**.
[10] Подлабоки се само на горните и средните полици во фрижидерот.
[11] Споредбата е направена со фрижидерот на Samsung RF85C90N1AP.
[12] Врз основа на лименка за пијалак од 355 мл, со димензии 66 x 122 мм (дијаметар x висина).