Не издржа долго да ги држи во неизвесност следбениците: Зои Блаж го откри полот на бебето

Добивај вести на Viber

Пред повеќе од еден месец, познатата мејк ап артистка Зои Блаж со следбениците на социјалните мрежи сподели дека е во блажена состојба.

Неодамна пак, реши да ги праша обожувателите дали можат да погодат какво бебе носи, дали е момче или девојче, а веќе денес не издржа и реши да објави дека ќе стане мајка на девојче.

Преку серија фотографии, Зорица Матијашиќ посочи дека е девојче, а под фотографиите напиша:

„Принцезо наша, со нетрпение те чекаме. Нашата најголема желба станува реалност. Те сакаат мама, тато и Хејди“ - напиша Зои.

View this post on Instagram

A post shared by Zoi Blaz Official Matijasic (@zoi.blaz)



Инаку Зои по свадбата со ракометарот Тадеј Матијашиќ од Словенија, се пресели во Германија. Неколку години живеат заедно со сопругот.

Таа е девојка која секогаш внимава на својот изглед и се грижи за својата внатрешна и надворешна убавина. Па и затоа несебично споделува искуство за мода и убавина.

„Шминкањето е нешто што отсекогаш сум го сакала и уживала да го правам, секогаш ги шминкав другарките, роднините и постојано ми велеа зошто не отвориш салон, потајно отсекогаш сум сакала да биде тоа моја професија ама не бев многу сигурна на почетокот. Сега можам да кажам дека шминкањето и таа работа многу ме сменија во животот, среќните насмевки на моите клиенти никогаш нема да ги заборавам. Јас сум човек што ја обожава уметноста, а шминкањето е една од нив и цел живот би го работела“, изјави Зои во интервју за Женски магазин.

Фото: Инстаграм
РЖМ

Кај нас има подобри доктори и храната е повкусна, тука сѐ е вештачко и без вкус: Зои Блаж за животот во Германија и за шминкерството