Фирузе од Султан Сулејман и кларинетистот Исмаил Лумановски заедно: Најпопуларната турска актерка „падна“ на шармот од виртуозот

Добивај вести на Viber

Македонскиот кларинетист кој реди големи успеси низ светот, Исмаил Лумановски имаше можност да биде во друштво на една извонредна турска актерка.

Џансу Дере е една од турските актерки со најголема меѓународна слава. Нашиот кларинетист и успешната катерка се фотографирани пред популарниот хотел „Палацио Тангара“. Луксузен хотел со пет ѕвезди во Сан Паоло, Бразил.

Работните ангажмани на Лумановски и уживањето на Дере ги спои заедно на една фотографија.

„Една од најневеројатните актерки во Турција, Џабнсу Дере“, напиша Исмаил на фотографијата.

Исмаил Лумановски повеќе од 20 години живее и работи во Њујорк, осум години е во брак со Ѓулчин, со која го имаат синот Едис Јон и ќерката Арија. Во 2022 година по долги години студентски визи, доби американско државјанство.

Џансу Дере пак својата кариера ја започна како модел, а потоа стана успешна актерка. Инаку Џансу е со грчко потекло, родена е во Анкара, потоа заедно со семејството се преселила во Измир, каде актерката останала до нејзината 18-годишна возраст.

По завршувањето на средното училиште, Џансу се преселила во Истанбул за да се запише на студии по археологија. Две години подоцна, нејзиниот живот се променил по поканата од реномиран турски моден агент да учествува на изборот за Мис на Турција. Од овој момент, Џансу започнала да реди само успеси со што набргу од модните писти преминала на малите телевизиски екрани.

Фото: Инстаграм
РЖМ