Со години ги фотографирала родителите додека се збогуваат со мавтање: Последната слика го крши срцето, „оваа сцена ме уништи“

Добивај вести на Viber

Цели 27 години ги фотографирав моментите на поздравување и мавтање секој пат кога ги напуштав родителите, од семејниот дом

Без разлика дали се збогуваме со семејството, пријателите или местото што сме го сакале, збогувањето секогаш ја носи својата тежина. На ова неодамна нè потсети фотографката Дијана од Америка, која цели 27 години ги доловувала емотивните моменти од нејзиното збогување со родителите, снимајќи го секој нивни поздрав додека го напуштала семејниот дом.

Овој ритуал, кој таа го започнала во 1991 година, првично не бил наменет да биде уметнички проект, туку повеќе начин да се справи со тагата на заминувањето. Со текот на времето, овие фотографии станале моќен документ за љубов, стареење и, за жал, неизбежна загуба.

„27 години го фотографирав моментот на поздравување и мавтање секој пат кога го напуштав домот на моите родители во Сиукс Сити, Ајова. Почнав во 1991 година сосема случајно, а потоа продолжив да фотографирам на крајот од секоја посета. Никогаш немав намера да создадам нешто толку големо. На некој начин, фотографиите ми помогнаа да се справам со тагата. Со текот на времето, тоа стана наш ритуал на простување“, напиша Дијана на својата официјална веб-страница.

Како што додаде таа, овие фотографии сега се дел од делото кое го нарече „Релативни моменти“, кое ги бележи животите на нејзините родители и други роднини од 1986 година.

„Кога открив серија насобрани фотографии од „заминување и мавтање“, најдов приказна за семејството, стареењето и тагата од напуштањето“, додаде таа.

Таа во 2009 година направила фотографија на која нејзиниот татко повеќе не бил присутен. Тој починал неколку дена по неговиот 91 роденден. Нејзината мајка продолжила да се збогува со неа, но со текот на времето нејзиното лице станувало потажно со секое заминување на нејзината ќерка.


Во 2017 година, таа морала да се пресели во дом за стари лица. Во октомври истата година, таа починала, а по нејзиниот погреб, Дијана отишла во семејната куќа и направила последна фотографија – празното гнездо, бидејќи овој пат никој не ѝ мавнал за збогум.

„За прв пат во мојот живот, никој не ми мавташе“, напиша таа.

Фотографиите кои таа ги сподели предизвикаа силни емоции кај луѓето ширум светот.

„Оваа последна слика тотално ме уништи, искрено“, „Прекрасен потсетник за тоа како наједноставните моменти стануваат најдраги спомени“, „Не бев подготвен за ова патување“, „Последната реченица ме удри како гром од ведро небо, и ме уништи“, гласат дел од коментарите на социјалните мрежи.


Фото и Видео: Youtube