Семејството годинава не е заедно: Карлеуша објави како изгледа домот за празниците (ФОТО)
И годинава, домот на Карлеуша е прекрасно уреден за празниците
За помалку од 10 дена се слави Новата година. Некои ќе одат на дочек, некои ќе останат дома, а како е со Јелена Карлеуша? Во домот на Карлеуша за празниците оваа година не се сите членови на семејството поради разводот, па Душко најверојатно Новата година ќе ја дочека на друга адреса. Јелена најави настап во Крагуевац, на невиден спектакл, а се претпоставува дека на „патерици“ ќе слави со ќерките и тетка ѝ Данијела.
Како и сите други, така и Јелена вложила многу труд во новогодишното украсување, па пред само една недела имавме можност да видиме како изгледа летната кујна која ја украси, како и градината. Сега гледаме како изгледа украсената елка, цело катче со гноми и уште три елки.
На главната елка има големи раскошни украси кои стојат точно во аголот, во дневната соба, додека џуџињата и другите елки се во друга куќа, како што самата изјави.
Дури и тогаш не пропушти да спомене дека птичјето сè уште колва по прозорецот. Сето ова се случи на Свети Никола.
Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot