Анастасија Ражнатовиќ непрепознатлива: Во вакво издание тајно ја напушти Србија

Добивај вести на Viber

Пејачката Анастасија Ражнатовиќ ја посети Србија, а повод беше славата која семејството Ражнатовиќ ја слави во својот дом на Дедиње.

Ќерката на Цеца во соседната земја дојде сама, без сопругот, фудбалерот Немања Гудељ и неговото семејство, но не се задржа долго.

Откако помина време со семејството, братучедите и се виде со сите нејзини блиски пријатели, Анастасија синоќа набрзина се вратила во Севиља, каде што нормално живее со својот сопруг.

Некогаш Ражнатовиќ, а сега Гудељ преку социјалните мрежи се огласи од аеродром сосема опуштено и без шминка, со качулка на главата, а многумина истакнаа дека нема да ја препознаат.

„Се гледаме подоцна“, напиша пејачката на шпански.

Свети Никола во домот на Цеца веќе нема да биде ист: Пејачката славата ја дочека тажна како никогаш досега

„Ми ја одведоа мајка ми кога имав 5 години“

Наследничката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, откри непознати детали од нејзиниот приватен живот. Пејачката откри како е да растеш во семејството на најголемата поп ѕвезда, како се справила со апсењето на мајка си кога имала само пет години, но и колку било тешко детството без нејзиниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.

„Како што знаете, имаше многу турбуленции во нашите животи. И Вељко и јас бевме многу млади кога се случи сето ова. Кога мајка ми ги имаше тие проблеми, јас го прифатив тоа исклучително тешко, бидејќи сум многу приврзана за мајка ми. Моментот кога ја однесоа мајка ми... Бев многу млада во тоа време и не знаев што се случува...


ФОТО: Instagram / raznatovicanastasija