Модна "ревија" на сестрите Родиќ и Анастасија: Не се знае која беше поубава на прославата на Цеца (ФОТО)

Добивај вести на Viber

На славата на Цеца блеснаа сестрите Родиќ и Анастасија

Вчера, како и секоја година, во домот на семејството Ражнатовиќ се прослави Свети Никола, нивната куќна слава. И оваа година не можеше да помине без бројното семејство и пријателите кои вечерта пристигнаа во вилата во Љутиче. За оваа прилика сите се погрижија да изгледаат убаво, но Анастасија и сестрите Родиќ се погрижија да изгледаат најубаво.

Покрај Богдана, тука беа и нејзините сестри Наташа Родиќ и Бојана Шијан, кои, судејќи по фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи, како и секогаш пленеа со убавина.

View this post on Instagram

A post shared by Natasa Rodic (@miss.rodic)

Иако не беше гостин, онаа на која сите најмногу се израдуваа секако беше ќерката на Цеца Анастасија, која поради својата слава пристигна од Шпанија. За жал, нејзиниот сопруг Немања не можеше да дојде поради деловни обврски, исто како и минатата година.

На доаѓањето на Анастасија се израдуваа сите, а особено нејзиниот долгогодишен пријател, фризер Стеван Радивојевиќ.

- Не сме се виделе еден месец, од нејзината последна посета. Порано си поминувавме фантастично, но тие времиња не можат да се вратат. Не може да се повтори, а сега со нетрпение чекам да се дружиме - изјави Стеван кој објави фотографија со Таса на која таа плени со својата убавина.


Фото: Инстаграм/ Youtube - screenshoot