Се остварија ли стравовите на Карлеуша?! Вилата на Дедиње под опсада, се вратила по една година! (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Јелена Карлеуша на својата приказна на Инстаграм сподели видео кое шокираше многумина.

Пејачката Јелена Карлеуша продолжува да трпи медиумски линч поради поддршката што му ја даде на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а која ја објави на социјалната мрежа Инстаграм.

По низата стории во кои се осврна на настаните во земјава, објави една која многумина ги насмеа, но и загрижи.

Имено, станува збор за птица која одвреме-навреме ја посетува, а која цел ден удира со клунот на прозорецот. 

- Патем, таа птицата се врати. Ја немаше долго време. Со сета сила удира со клунот на прозорецот, секој ден, со часови. Ова извалкано стакло е од неа. Секој ден по цел ден ова продолжува. Не сака храна, не сака вода. Кога ќе го отворам прозорецот, не сака да влезе. Со сета сила само удира со клунот на стаклото. Ако некој знае каква е ова птица и како можам да ѝ помогнам, нека ми каже - напиша пејачката во описот на видеото. 

Однесувањето на оваа птица е крајно чудно и необично.


Фото: Инстаграм /Youtube - screenshoot