Цртите на лицето и витканата коса останале на неа до денес: Дали ќе препознаете која позната личност е на фотографијата?
Фотографиите кога сме биле деца во црно бела техника се спомени со бесценето значење. Сместени во фотоалбум кој кога ќе го отвориме го има оној носталгичен специфичен мирис. Фотографија без ефекти, токму онакви какви што сме природни.
Водителката и ТВ презентерка, Татјана Стојановска објави ретро фотографија во црно – бела техника кога била многу мала. Специфичната виткана коса која ја има и ден денес бил нејзин заштите знак уште од мали нозе.
Водителката важи за една од најубавите жени кај нас. Секогаш негувана, со насмевка која ја краси и со манири кои оставаат впечаток на жена која знае што сака.
Татјана минатиот месец прослави јубилеен роденден. Објави фотографија со торта на која дува свеќички со бројот „50“.
Водителката беше првата гостинка во новиот поткаст на Женски магазин со поддршка на Фактор групација. Зборуваше за приватниот живот, како и за нејзината професија.
РЖМ