Сопругот на Хелена Роза ги засука ракавите: Пред сватовите покажа колку е вкусен македонскиот бурек

Добивај вести на Viber

Денес во светот се слави големиот празник Божиќ. Делод нашите иселеници кои живеат и работат по светот поитаа да ги искористат слободните денови и да дојдат во Македонија за празниците да си ги видат најмилите, а дел од нив останаа во своите домови и прославија Божиќ со најблиските кои слават деновиве и со пријателите.

Водителката Хелена Роза се пофали дека денот го поминала во домот на нејзината ќерка Кјара која се омажи годинава и за прв пат на првиот ден од Божиќ се собрале двете фамилии на младото семејство за празникот.

По тој повод нејзиниот сопруг Игор, кој е една деценија помлад од неа, уште рано наутро влегол во кујна и засукал ракави за на сватовите им покаже дел од нашата македонска традиционална кујна подготвувајќи Македонски бурек.

„Прв Божиќ во домот на ќерка ми и Стефан“, напиша поранешната водителка и откри детали од куќата на Кјара. Како е украсено за празниците, како е подготвена празничната трпеза и кој се е таму за празникот.


Р.Ж.М.

Фото:Инстаграм