„Да даде бог, вакво богатство, на сите што сакаат вакви убавини“: Перо Камиказа како Дедо Петре делеше пакетчиња на внуците
Велат колку е богат еден човек погледни во неговото семејство и пријателите кои ги има. Богатството не е во материјалното, туку во духовното, кое знае да ја стопли душата и срцето.
Чудни пријатни вибрации кои треперат во стомакот се симптоми на среќа.
Семејството е најголемото богатство. Сите на број, живи и здрави. Посебно децата ако ги има во уште поголем број, тогаш среќат е бесконечна.
Дедовците и бабите се најсреќните кога се со нивните најмили и најблиски.
Перо Георгиевски – Камиказа, фронтмен на групата „Меморија“ во своите прегратки ги собра сите внуци. Полна куќа со дечиња и само еден дедо.
„Многудетни семејства како трите убавици на Ален и Ели, трите куклички и армбашата на Горан и Ана, се модел и начин кој ќе нè избави од „амбисот“. Еве како за почеток и Нина мојата внука е само најава, за исто такво радосно и многудетно семејство на Крис и Марија. Дедо Петре подели пакетчиња и се изгушка со сите. Утре уште една средба со две пораснати моми и двајца каубојци, од внука ми Камелија. Значи повторно 4-ка. Да даде бог, вакво богатство, на сите што сакаат вакви убавини“, напиша Камиказа на веселата фотографија.
Фото: ФејсбукРЖМ