Топ три фризури за новогодишната ноќ од стилистот за коса Војкан Андреевски: „Бидете автентични и свои, а сепак поразлични за најубавата ноќ“

Добивај вести на Viber

Покрај матурските и свадбите, кои за повеќето се највесели настани, новогодишната ноќ е уште една од оние прилики кога е важно да блеснете во полн сјај, а за тоа секогаш придонесува добрата и гламурозна фризура и шминка.

Се ближи новогодишната ноќ, а како што знаеме, на речиси секоја дама и е важно покрај добар фустан таа вечер да има и совршено стилизирана коса.

За таа вечер најчесто многумина избираат поформална фризура со стајлинг, а Женски магазин совети околу изгледот на новогодишната ноќ побара од стилистот за коса и шминка Војкан Андреевски.




„Со оглед на новото време и новата ера години наназад се повеќе опаѓа вистинската магија на фризура и шминка, гледајќи ги барањата и желбите да дамите по повод новогодишната ноќ. Сѐ повеќе девојки сакаат да изгледаат поедноставно и попрактично, а сепак да изгледаат чисто и уредно.

Во годините претходно се знаело како треба да се изгледа баш за најлудата ноќ, со гламурозна шминка и фризура, се зависно од тоалетата или аутфитот за да се изгледа комплетно добро...но за жал јас согледувам дека таа магија опаѓа и сѐ се сведува на нешто едноставно и практично со исклучок на поединци...“, вели Војкан.






Тој советува, девојките за најлудата ноќ во годината да стават акцент повеќе на урбаниот стил, а да го избегнат кичот и шундот а сепак да бидат магија за себе . 

Да бидат свои пред сѐ и да се чувствуваат удобно во таа фризура и шминка со целата нивна комбинација што би ја носеле и се тоа да биде спакувано со вкус и префинетост, но се да зачинат со мала доза на сексапил.


Брановидното фенирање, брановидно обликување со волумен, коњскиот реп, полуфатена фризура или некоја едноставна пунџа е она што најчесто се бара во изминатиов период-вели нашиот соговорник истакнувајќи дека во однос на средната должина или оние кои носат боб фризура ги советува да бидат поедноставни од типот на wet looking, благи бранови или сјајниот изглед на самата коса и секако да не се избегнува волуменот зошто тој сепак секогаш дава нота на гламур и префинетост.

Спред неговата препорака издвојуваме и топ три фризур за Новогодишната ноќ.



„Топ три фризури кои би можел да ги издвојам и предложам за Новогодишната ноќ би биле „wet looking“ или мокар изглед, на таа некоја средна должина брановидното обликување или лабавите бранови со прави завршетоци сега се доста актуелни, високиот мазен или брановиден бушав коњски реп или пак мазниот кок затегнат кој дава и „Face Lifting“ на самиот лик. Но, пак ќе кажам се зависи од комбинацијата или тоалета која девојките ќе ја имаат за најлудата ноќ.




„Мој добронамерен совет е изгледајте свои во вашата кожа, бидете ВИЕ , а не она што не ви прилега или пак не сте вие и ви се наметнува нештото по секоја цена. Гламурот не се состои во големите работи може да се изнесе и поинаку а сепак да сте среќни и задоволни. Бидете автентични свои а сепак поразлични за најубавата ноќ и почитувајте совети од компетентни личности. Оваа прилика ја користам на сите читатели на Женски магазин да им ги честитам новогодишните и Божиќните празници кои се пред нас и да им посакам пред се многу здравје, радост и да бидат сакани, да сакаат да бидат најдобрата верзија од себе и да даруваат многу љубов“ вели експертот за коса и шминка Војкан.





Ирена Ставрова