За кое момче пее Софија Манева? Атрактивната кавадарчанка објави нова песна после 10 години! (ВИДЕО)
После долг временски период на македонската музичка сцена со нова песна се враќа атрактивната пејачка од Кавадарци, Софија Манева или на многумина позната како лидерот на женскиот бенд “К4”.
Поминаа доста години кога Софија беше активна на домашната сцена. Сигурно многумина од вас се сеќаваат на нејзините песни како што се: “Љубов или нешто друго”, “Лигав тип” и уште неколку други. Но, после една таква пауза, Софија најпрво на социјалните мрежи ја објави својата нова песна со наслов „Момче Македонче”, за која сними и спот.
Како автори на песната се потпишуваат, текстописец е таткото на Софија, Перо Манев, додека пак музиката заеднички е работена со Тони Соколов - Цока. Спотот се снимаше во срцето на турската чаршија во Скопје, а покрај Софија во него се појавуваат уште неколкумина статисти.
„После десет години го рестартирав своето студио и одлучив повторно да создавам своја авторска музика. „Момче македонче” е првата песна со која сакам да го најавам моето враќање на сцена. Инаку морам да споделам дека наредниов период ќе сме доста посветени на создавање нови песни и се надевам дека она што ке го понудиме ќе биде добро и освежување за македонската поп - музика и дека ќе успее да допре до сите вас на различен начин”, изјави Софија.
Инаку како што кажа таа со својот тим од соработници работи на новите песни, а до тогаш со својот бенд ќе може да ги слушнете и видите на настапите ширум нашата земја, додека пак за дочекот на најлудата ноќ тие ќе настапат во нашиот главен град, односно прво на денска, па потоа на ноќна забава.