Како вистинска ѕвезда: Наташа Малинкова со огнено тело и фотосесија по светски терк
Наташа Малинкова во едно сосема различно светло, покажа дека знае да направи фотосесија со која може да им парира и на големите светски ѕвезди.
Фотосесијата која ја сподели како видео на Инстаграм стори е софистицирана, модерна, необична, а аутфитите кои ги носи пејачката го истакнуваат нејзиното совршено оформено тело.
Еротика и сексапил но во умерена доза.
Инаку, пејачката Наташа две децении е во хармоничен брак со сопругот Кире, па таа во една прилика за Женкси магазин изјави дека нема проблем со разголувањето, ниту пак нејзиниот сопруг:
„Кире знае што е добро, а што не за мене, но секогаш остава јас да ја дадам конечната одлука. Не ми замерува на провокативните фотосесии. Еротиката продава, а тој нема предрасуди на оваа тема. Разголувањето е нормална работа на естрадата, знае дека сум професионалец и затоа ме поддржува“.
Фото: Инстаграм