К-15 Финале – историски најбрзо продаден настан во Македонија
За нешто повеќе од една недела дена беше распродадена целата арена „Борис Трајковски“ каде на 16 мај 2025 година легендарното трио К-15 со големо шоу ќе прослави 30-годишен јубилеј. Иако станува збор за настан кој ќе се одржува дури за шест месеци, големиот интерес започна уште на полноќ на 15 декември, во моментот кога официјално започна продажбата.
Картите се продаваа на платформата „Купи карта“, од каде денеска со плакета ги наградија Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров и со тоа им оддадоа признание за најбрзо распродаден настан во нивната историја.
Примајќи ја плакетата, култните К-15 се заблагодарија на својата верна публика за огромната доверба и секоја порака за поддршка која ја примија изминатиот период. Ветуваат дека на пролет нивниот роденден ќе се слави со ексклузивен спектакл со оркестар, врвна сценска продукција и незаборавна атмосфера со нивните легендарните скечеви, песни и монолози. А дотогаш, следуваат многу изненадувања од триото во склоп на нивното славје за 30 години од првата ТВ емисија.
ПР објава