ЕПП // ЕПП
Прв самостоен концерт на Јована Јанкулоска - Љубовен копнеж во француски стил: „Désir d’amour“
Музичките љубители и почитувачите на француската култура ќе имаат уникатна можност да уживаат во магична музичка вечер на 26 декември 2024 година во Музејот на македонската борба со почеток од 20:00 часот. Младата и талентирана Јована Јанкулоска ќе го одржи својот прв самостоен концерт под наслов „Désir d’amour“ (Љубовен копнеж).
„Темата на концертот е љубов, а француската музика е мојата инспирација уште од детството. Со овој концерт го заокружувам еден важен период од мојот музички развој и кариера“, вели Јована Јанкулоска.
„Ова е мојот прв голем проект и зад него стои голема љубов и труд. Сите песни кои ќе ги изведам се посебни за мене бидејќи ми донесоа многу награди и ме инспирираа да го градам својот пат. Се надевам дека ќе создадеме вечер полна со емоции и љубов“, додава Јанкулоска. На концертот, Јована ќе биде придружувана со пијано од нејзината професорка Лиле Анастасова, додека поддршката и менторството од професорката по соло пеење Гонца Богоромова Краповски е неизмерно значајно за овој проект.
Со повеќе од 30 награди освоени на домашни и меѓународни натпревари, Јована Јанкулоска е еден од најголемите млади музички таленти во Македонија. Од настапи на фестивали во Шпанија, Полска, Малта, Италија и многу други земји, па сè до активни подготовки во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Јована чекори кон остварување на својот сон – да стане светски призната оперска пејачка.
Ве покануваме да бидете дел од оваа магична вечер исполнета со љубов, музика и француски копнеж.
Билетите се бесплатни за сите посетители.
ПР објава