Елена ја остави 27-години постариот милијардер: После 4 деца и 19 години заедништво, остана без пари

Добивај вести на Viber

Елена Перминова постојано се фалеше со љубовна приказна со 27-години постариот  милионер, но сега на тоа му дојде крајот

„Не сакам да кажувам премногу. Работите се случуваат. И на најубавите приказни им доаѓа крајот. Се разведуваме. Имаше многу добри и убави работи. И што е најважно, од сите излегоа 4 прекрасни деца. Тиене можеа да посакаат подобар татко. Топлината и благодарноста остануваат, но ние мора да се разделиме.

П.С. Нема да коментирам повеќе. Приватните работи мора да останат приватни“, објави Елена Перминова на социјалните мрежи дека се разведува од 27-годни постариот милијардер.

Кога се дозна за романсата меѓу Елена Перминова и милионерот Александар Лебедев, малкумина замислуваа дека оваа врска ќе трае долго. Но, и покрај сè, парот беше заедно скоро 20 години, Елена роди четири деца - нивниот најстар син Никита има 15 години, Јегор има 12, Арина има 10, а нивниот најмлад син Александар има три години.

Ден претходно, таа објави дека таа и Александар Лебедев се разделиле, а тоа било заедничка одлука. 

Иако Елена не ја наведе причината за нивната разделба, гласините велат дека Лебедев има помлада љубовница, додека Перминова веќе некое време се обидува да го игнорира.

„Многу луѓе ми зборуваа зад грб, велеа дека сум глупава, дека старецот ќе ме замени со помлада жена или дека ќе најде помлада. Со години таа приказна кружеше, а заедно сме преку 20. Најдобриот удар за сите овие луѓе беше нашата среќа“, изјави претходно Елена.

Но, изгледа каде што има чад има и оган. На почетокот на декември, Елена се пресели во хотел. И додека многумина се прашуваат дали е можно најбогатиот бизнисмен во Русија се‘ уште да не ја обезбедил мајката на неговите деца?! Точно е дека Елена и Александар не биле во брак и дека најголемиот дел од стекнатиот имот е на негово име.

„Со оглед на тоа што парот не беше официјално венчан, не зборуваме за заеднички стекнат имот. Овој концепт се појавува дури по венчавката. Ако тоа не се случи, тогаш според руските закони. Дури и ако другиот брачен другар не негира дека биле заедно, правните односи предвидени со семејното право во однос на заеднички стекнатиот имот не се појавуваат“, објаснуваат руските адвокати.

Со оглед на тоа дека парот меѓусебно одлучил да се раздели, изгледа дека Елена ќе биде обезбедена, само прашање на време е. Сега со неа се нејзините деца, додека очекуваме Александар да се појави во јавноста со својата млада љубовница.

Како се заљубија Елена и Александар?

Како дете живеела во Сибир во неверојатна сиромаштија, а потоа на 16 години го напуштила семејниот дом и си нашла момче со кое брзо влегла во неволја.

Била фатена како дила дрога во ноќен клуб, по што завршила во затвор. И тука всушност започнува нејзиниот среќен дел од приказната. Токму Александар Лебедев, поранешен член на КГБ и милијардер, ја извлекол од затвор.

Дилерот кој Елена го изневери ѝ се заканувал со смрт, а во Русија нема заштита на сведоци, па е осудена на 6 години затвор. Тогаш некако нејзиниот татко дошол кај Лебедев, кој тогаш работел на законот за заштита на сведоци како пратеник.

Неколку години подоцна, меѓу Елена и 27-години постариот милијардер се разгоре љубовта и оттогаш таа го нарекува свој ангел чувар.


Фото: Инстаграм