Ја скрши неодамна ногата, ама е незапирлива: Брено лавице! Се појави пак на сцена со нога во вис

Добивај вести на Viber

Една и единствена! професионалец до максимум. ја ситни седмата деценија, не запира. Ја скрши ногата неодамна, ни тоа не ја запре да престане да пее пред своите фанови.

Брена е лавица.

По кратка пауза поради повреда на скочниот зглоб Лепа Брена им се врати на деловните активности.

Синоќа за прв пат беше видена во јавноста по речиси три недели, откако ја скрши ногата на концерт во загрепската Арена.

Имено, Брена пееше на една прослава која ја покажа на Инстаграм, а за оваа прилика облече елегантен син костим.

Без разлика на се уште свежата повреда, пејачката како и секогаш професионално си ја заврши работата, а за тоа говори и податокот што седеше во текот на целиот настап, потпирајќи ја ногата, која ја скрши и потоа ја оперира, на бокс. .

Како што можете да видите на објавите, зглобот на Брена се уште е отечен, но тоа не ја спречи да ја загрее атмосферата.

Брена по настапот успеа да изведе и акробација, со ногата во воздух, која исто така ја сподели со фановите.

Инаку, токму на оваа прослава придружуваше Здравко Чолиќ, кој го изведе и својот блок песни.