Синот на Драгана Мирковиќ објави слика од семејниот дом: Празнична трпеза и атрактивна русокоса му седи во скут (ФОТО)
Синот на Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ, на социјалните мрежи сподели фотографија со својата нова девојка.
Наследникот на Драгана Мирковиќ и Тони Бијелиќ се посвети на кариерата на својата мајка, па секој негов потег привлекува големо внимание во јавноста. Марко е многу активен на социјалните мрежи, а како што е заљубен веќе некое време често споделува фотографии со својата нова девојка Мелани.
Марко сега на својот Инстаграм сподели слика на која атрактивната русокоса му седи во скут, додека на трпезата има празнична вечера, откако синоќа верниците кои го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар го одбележаа Бадник.
Инаку, Марко никогаш не се експонирал во медиумите, ниту неговата сестра Мануела, а Драгана во секоја прилика нагласува колку е горда на своите наследници.
- Нивна одлука е да не се експонираат пред медиумите. Тоа е малку и изненадувачки бидејќи обично децата во тинејџерските години сакаат да бидат видени, сакаат да бидат важни. Тоа е, претпоставувам, до некаде природно. Сепак, тие не сакаат. Е сега дали некако јас сум крива, условно кажано... пресреќна сум што не се експонираат, што така решиле. Секогаш ми беше доволно што имаше само едно познато име, моето. Уште па и децата? Не благодарам! Јас сум виновна затоа што така одлучија затоа што единствениот пат кога ме видоа како плачам во животот беше кога плачев поради нечија лага која беше јавно објавена. Требаше да го скријам тоа од нив, но премногу сум искрена! Не сакав ништо да кријам од нив - рекла во едно интервју Драгана.
Фото: ИнстаграмИзвор: Informer.rs