Ја препознавате? Никој не може! Таа е една од најдобрите актерки, но денес е во ваква форма

Добивај вести на Viber

Бриџит Фонда, ѕвездата на филмовите „Џеки Браун“, „Осамена бела жена“, „Точка без враќање“, „Езеро на стравот“, „Бакнеж на змеј“ и многу, многу други, а член на познатото холивудско семејство Фонда беше видена во Лос Анџелес по повеќе од деценијата.

Дванаесет години откако последен пат беше фотографирана во јавност, Бриџит беше фатена како вози низ градот и ги завршува своите обврски, лежерно облечена во тренерка и маица со пруги.

Инаку, Бриџит се повлече од актерството пред околу две децении. Во февруари 2003 година имаше сообраќајна несреќа во Лос Анџелес во која се здоби со скршеница на пршлен. Како што подоцна истакнал, животот и го спасил фактот што го врзала појасот - да не го направела тоа, немаше жива да излезе од автомобилот.

За време на лекувањето одлучила да не се врати на актерството, а истата година се омажила за композиторот Дени Елфман, со кој следната година го добила синот Оливер. Додека нејзиниот сопруг се уште е активен во забавната индустрија, Бриџит живее повлечено и далеку од јавноста, последен пат беше видена во 2009 година, кога присуствуваше на премиерата на „Проклетници“ на Тарантино.

Фонда е, инаку, внука на оскаровецот Хенри Фонда, ќерка на актерот Питер Фонда и внука на славната Џејн Фонда. Додека беше на врвот на нејзината кариера, таа во едно интервју истакна дека никогаш не престанала да се прашува каков би бил вкусот на успехот доколку не потекнува од познато холивудско семејство.

„Се прашувам какво задоволство би било да бидам овде ако не сум од семејство кое работи толку феноменална работа“, изјави таа за Movieline во 1993 година. Понекогаш се прашувам дали ќе бев помирена со себе ако знаев дека успевам сама, наместо секогаш да се прашувам колку пати презимето ми ја отвори вратата“.

Извор: Глоси

Фото: Инстаграм