Актуелно // Insta вести
„Стварно сакам жени, најгласни се, најубави се, најсилни се“: Гиговска фуриозно и стилски за крајот на годината
- 29 Декември, 2024
2024 година беше нејзина година. Извади неколку хитови кои се слушаат и на регионално ниво, беше постојано активна со концерти, се грижеше за детето и мал милион обврски, слатки или со напор.
Антониа Гиговска не само што оваа година изненади со песните, туку и со стилот. Ние велиме огромно БРАВО што навреме научила што е шоу бизнис, што се бара, како да се биде различен.
И на еден од незините последни настапи беше различна, уникатна, помалку еротично, ама добро спакуван изглед ( тоа и се бара, треба да следиме што се прави таму кај што знаат).
„Стварно сакам жени, најгласни се, најубави се, најсилни се“- изјави под сликите од постот на Инстаграм