За еден хороскопски знак, 2025 година дефинитивно ќе биде најлоша: Среќата изгледа им го врти грбот

Добивај вести на Viber

2025 година ќе донесе големи можности за многу знаци, но овој знак ќе се соочи со големи предизвици во сите области од животот

Шкорпијата е позната по својата храброст и борбеност, а кога ќе реши да спроведе нешто, не дозволува ништо да ја спречи. Сепак, според прогнозите на астролозите, во текот на 2025 година Шкорпиите ќе се соочат со големи промени и предизвици и нема така лесно да ги остварат своите желби.

РАБОТА И ПАРИ

На полето на кариерата, Шкорпиите ќе мора да се соочат со големи неизвесности. Ретроградниот Марс, планетата која владее со енергијата и акцијата, ќе создаде многу пречки во професионалниот живот. Проектите на кои работеле може да наидат на пречка, а шефовите или колегите може да станат непредвидливи. Поради сето ова можни се проблеми со задржување на моменталната позиција или напредување. Финансиски, оваа година нема да биде поволна за Шкорпиите, бидејќи може да дојдат ненадејни трошоци и проблеми со стабилноста.

ЉУБОВ

Во љубовта, 2025 година ќе биде особено предизвикувачка. Ретроградниот Меркур може да предизвика недоразбирања и несигурности во врската. Шкорпиите кои се во долги врски може да доживеат моменти на сомнеж и несоница, додека на оние кои бараат љубов веројатно ќе им биде тешко да ги усогласат своите очекувања со реалноста. Комуникацијата ќе биде клучна, но може да биде тешко да се избегнат недоразбирањата и разочарувањата.


Следна страна