Најскапите српски свадби со вртоглави цифри: Новак и Јелена изнајмиле пола крајбрежје, Пријовиќ и Филип имале 900 гости, на Цеца и Аркан свадбената торта тежела 70 килограми
Свадбите на познатите личности во Србија биле во рангот на светските ѕвезди, а не се штеделе пари за нивна организација и продукција.
Многу познати личности направија голема прослава, а некои од нив направија дури и документарни филмови.
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ
Свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на 2 јуни 2018 година беше наречена свадба на деценијата. Познати гости, гламурозна венчаница која ја носеше пејачката, но и сите обичаи го одбележаа денот кога Александра и Филип се заколнаа на вечна љубов еден на друг.
На црковната венчавка Милош Теодосиќ и Ацо Пејовиќ биле сведоци на нивната љубов, а кога Александра му станала сопруга на Филип пред Бога, свадбената веселба се вратила во домот на семејството Живојиновиќ на Бежанијска коса, за младенците да ги испочитуваат сите обичаи.
Како што тогаш се пишуваше, имало околу 900 гости од целиот свет, а салата била специјално уредена.
Вељко и Богдана Ражнатовиќ
Вељко Ражнатовиќ и Богдана се заколнаа на вечна љубов еден на друг на 24 ноември 2019 година во црквата Свети Сава во Белград.
Големата свадбена веселба за 500 гости била одржана во луксузен хотел каде гостите уживале во најскапото „кралско мени“кое чинело 75 евра по лице.
Менито вклучувало секакви пијалоци, домашни и странски, а кога станува збор за храната, на гостите им биле достапни сите јадења од тартар бифтек, кралска салата на готвачот Рудолф, лосос со кокосово млеко до патка прекриена со сос од боровинки.
Невестата на свадбата носела венчаница стара 24 години, онаа што ја носела Цеца кога се мажела за Жељко Ражнатовиќ.
Новак и Јелена Ѓоковиќ
Новак Ѓоковиќ и Јелена се венчаа на 10 јули 2014 година во Црна Гора на плажата Краљичина пред повеќе од 150 гости.
Оваа свадба со причина беше наречена свадба на векот. На гостите им била обезбедена повратна карта, а биле сместени во ексклузивни апартмани во хотелот „Маестрал“ и во луксузното одморалиште „Аман“, на Милочер, до Свети Стефан. Невестата носела венчаница од познатата американска дизајнерка Вера Ванг, додека Новак бил облечен во класичен костум за младоженец. Гостите ги забавувале Мирослав Илиќ, Милица Тодоровиќ, Жељко Самарџиќ и Лена Ковачевиќ. Покрај бројните достоинственици од српскиот и светскиот џет-сет, кум на Новак му бил пријателот од детството, фудбалерот Невен Марковиќ.
Целиот остров го обезбедувале преку 25 бродови и околу 100 чувари, кои не дозволувале ниту мува да се приближи. Младенците барале целосна дискреција, па на хостесите, собарките, готвачите, обезбедувањето и на сите останати кои работеле на подготовката и одржувањето на венчавката им било забрането да носат мобилни телефони, а потпишале договори со најстроги правила, во кои стои дека ќе платат баснословни бројки ако прекршат правило.
Младенците потоа ги продале правата за објавување фотографии од венчавката на странско списание за 500.000 евра, а целиот приход го донирале во хуманитарни цели, пишуваа локалните медиуми.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ
Свадбата била организирана на 7 декември 1991 година во хотелот „Интерконтинентал“, во тоа време убедливо најлуксузниот во цела голема Југославија. Имало околу 600 гости, се личело како од филм. Брена носела грандиозна венчаница, на гостите им била послужена торта украсена со ракети за јадење и грамофонски плочи.
Младенците добиле богати подароци. Највреден секако бил автомобил Мерцедес, подарок од големиот пријател и тениски колега на Боба, Борис Бекер. Колку внимание е посветено на венчавката на Брена и Боба говори и тоа што дури и вториот дневен весник на тогашната белградска телевизија имал директно вклучување во преносот на свадбата.
Целата свадба била снимена, а видео касетата подоцна била продадена во десетици илјади примероци. Тоа била најголемата и најграндиозната свадба во поранешна Југославија, а чинела околу 50.000 германски марки.
Цеца и Жељко Ражнатовиќ
Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан се венчаа во Белград, на 19 февруари 1995 година, во црквата Свети Архангел Гаврил.
Целата церемонија била традиционална, според сите српски свадбени обичаи. Настанот го пренесувале најголемите медиумски куќи во Британија и Америка. Свадбената веселба била организирана во еден белградски хотел.
Имало повеќе од 800 гости, за богатата трпеза бил задолжен познатиот готвач Јаков Стабловиќ. Се јадело најразновидни јадења и специјалитети, а се пиело и најквалитетен француски коњак. Свадбената торта имала 5 ката и тежела 70 килограми. Вкупниот еснаф, како што објавија тогаш медиумите, изнесувал околу 100.000 германски марки.
Фото: Принтскрин Јутјуб/ ИнстаграмИзвор: Blic.rs