Кога славниот актер ожени девојка со тежок деформитет, рекоа дека е луд: Сепак сега велат дека ја имаат најубавата љубов

Добивај вести на Viber

Љубовта на Руперт Френд (40) и Ејми Малинс (46) има толку убава приказна што лесно би можела да се најде на филсмкото платно ...

Холивуд ги пишува најубавите љубовни приказни, не само измислени туку и реални, а љубовта на Руперт Френд и Ејми Малинс еден ден лесно би можела да се најде на големото платно.

Често слушаме од мажите дека на нив изгледот воопшто не им е важен кога вистински се заљубуваат, но ретко им веруваме. Секое сомневање за вистинитоста на таа реченица Руперт ќе ги отфрли и уште еднаш ќе не потсети дека заљубеното срце воопшто не го гледа она што многумина веднаш го доживуваат како сериозна мана.

За што пишуваат овие? Па, жената е прекрасна. Како не би се заљубил во неа, можеби сте си помислиле сега. Да, Ејми е убава. И таа нема нозе.

View this post on Instagram

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)



Таа е родена без фибула, лисна коска во потколеницата, поради што ѝ биле ампутирани двете нозе кога имала само една година. Докторот им кажал на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да оди или да живее самостојно.

Тој беше во заблуда. Не само што одеше, туку стана и успешен спортист. „Ме правиш да изгледам како лажго“, на шега и рекол истиот доктор кога го запознала пред неколку години. Ејми почнала да трча во младоста, благодарение на што добила целосна стипендија за Универзитетот Џорџтаун, а во 1996 година се натпреварувала на Параолимписките игри во Атланта.

Својата професионална спортска кариера ја заврши во 1998 година и започна со нова - манекенство. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин. Модниот гениј сакаше да испраќа неконвенционални модели на пистата и ја шокираше публиката кога Ејми се појави на неговото шоу за модната куќа Живанши со резбани дрвени протези направени специјално за таа пригода.

Не им требаше долго време на филмаџиите да ја забележат. Таа го сними својот прв филм „Cremaster 3“ во 2002 година и играше шест различни ликови во него.

На крајот, нејзината актерска работа ја зближила со Руперт. Во мај 2013 година, тие договорија средба поврзана со идниот филмски проект на Руперт и се сретнаа во 18 часот во мало бистро во Њујорк.

- Во еден момент ни пријде келнерот и рече: Извинете, но ќе морам да ве замолам да си одите. Го погледнавме и прашавме: Зошто? Тој ни одговори: Затоа што веќе е 04:30 часот наутро и затворивме пред еден час. Немавме поим дека се толку многу часови. Цела вечер не бевме свесни за ништо околу нас. Тоа беше прекрасен, возбудлив разговор помеѓу два интензивно љубопитни умови на многу различни теми.

- Не се ни сеќавам дека во одреден момент мислев дека е сладок. Сепак, следниот ден ми испрати неколку пораки и инсистираше да се видиме што е можно поскоро и се договоривме за вечера која започна во 18 часот и овој пат траеше до 5:30 часот. Шетавме низ населбата барајќи места кои се уште беа отворени. Не сакавме да бидеме одвоени еден од друг. И така е секој ден од 1.5.2013 година – открила Ејми.

Мај е очигледно нивниот месец на љубовта бидејќи Руперт ја запроси Ејми една година подоцна во мај, а судбоносното Да го кажаа на 1 мај 2016 година.

Кога не работат, секој слободен момент го користат да патуваат или да го поминат времето во мирот на нивниот дом, кој се наоѓа во зградата на стара фабрика за чевли.

View this post on Instagram

A post shared by Aimee Mullins (@aimeemullins)



- За време на моето студирање живеев со многу луѓе, и девојчиња и момчиња, но јас бев единствената со кутија со алатки. Тоа е една од работите што ме поврзаа Руперт и мене. Купил стан во источен Лондон и сам си средил се. Поставил цевки и дрвен под. Тој нашол стара црква на северот на Англија која требаше да се урне и ги купи нивните подови, па сега буквално чекориме по стотици години. Тој е многу среќен кога работи со дрво. Сега сакаме да научиме да работиме со гипс - вели Ејми.


Foto: preentscreen/Instagram