ВО НОВАТА ГОДИНА СВРТЕТЕ НОВА СТРАНИЦА: Што е тоа што ги попречува луѓето да ги остварат своите цели?

Добивај вести на Viber

При испраќање на старата и доаѓањето на новата година, луѓето си поставуваат цели, во смисла да најдат подобра работа, да вежбаат, да практикуваат здрав начин на живот, да си најдат хоби кое ќе ги исполнува, да донесат и реализираат важни животни одлуки. Но, од година во година  целите се повторуваат и остануваат неостварени. 

Психолозите советуваат дека луѓето треба да имаат реални замисли и да осмислат како преку помали чекори да стигнат до главната цел. Упорноста е многу важна во целиот процес од замисла до остварување. Важно е да се одреди прецизна временска рамка и колку финансии ќе бара реализирањето на одреден план. Добро е луѓето да се опкружат со други луѓе кои би помогнале за остварување на плановите. Треба да се направи листа на приоритети, енергијата да се посвети на најважните цели, а сите помалку важни работи можат да почекаат. На патот кон остварување на целите ќе има предизвици, но луѓето поради нив не треба да се разочаруваат, туку треба да учат од нив и тоа да го поттикне нивниот раст и развој. Повеќе на Фактор.мк