ПРОГНОЗА: Какво време ќе имаме за Бадник и Божиќ?

Добивај вести на Viber

Управата за хидрометеролошки работи(УХМР) излезе со најнова прогноза. 

Во следните денови ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст, а по одделни котлини ќе има појава на магла и пониски температури. Локални врнежи од дожд со слаб интензитет се очекуваат помеѓу вторник и среда. Температурите наутро ќе се спуштаат под нулата.


Извор: Фактор