Душата и срцето полни: Неколку илјади деца го најавија Христовото раѓање со Бадниковите поворки -„Вечниот Бог слезе, и во Дева се всели“
Душата и срцето полни кога ќе ги видите насмеаните лица на дечињата кои денес беа дел од Бадниковата поворка. Неколку илјади деца од повеќе градови од нашата земја денес по претходно одредена рута со ѕвезди во рацете се движеа низ улиците, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“.
Бадниковите поворки се одржаа во повеќе градови во наата земја, а најмасовно беше во главниот град. Поворката започна од Старата железничка станица, па се до градскиот плоштад каде неколку денови пред Новата година бешепоставена макетата од божиќната пештера.
„Поголема група на дечиња рано изутрина го посетиа нашиот возљубен Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ најавувајќи го Христовото Рождество“, напишаа на официјалната фејсбук страница на Бадникови поворки.
Фото: Бадникови поворки/ Фејсбук