„Божиќно чудо“: Човек го запознава своето биолошко семејство 75 години по посвојувањето

Добивај вести на Viber

Диксон Хендшо, 75-годишен маж од Бафало, Њујорк, цел живот верувал дека е единствено дете.

Меѓутоа, во август тој го нарачал својот извод од матичната книга на родените пред посвојувањето и го открил името на неговиот биолошки татко Роберт „Бад“ Ромиг, што довело до неверојатно божиќно чудо.

Преку пребарување на Google, Хендшо ги нашол некролозите на неговиот татко, каде што дознал за нивната неверојатна физичка сличност и постоењето на пет полубраќа и сестри.

Неговиот биолошки татко бил студент по физика на Универзитетот Корнел, додека неговата мајка работела како секретарка на истиот оддел. Биолошката мајка на Хендшо немала други деца, но татко му - покрај пет биолошки деца, посвоил уште три.

За да стапи во контакт, Хендшо решил да му се јави на еден од неговите посвоени браќа, Гери Ромиг, верувајќи дека тој ќе биде сочувствителен за неговата ситуација. „Бев нервозен затоа што не сакав да им пречам на луѓето“, изјави Хендшо, но Гери срдечно ја прифатил неговата покана.

Гери раскажа како неочекувано одговорил на повикот од непознат број: „Диксон рече: „Јас сум твој брат.“ Откако размениле фотографии, семејството било воодушевено од сличноста на Диксон со нивниот татко.

На 20 декември, Диксон полетал за прв пат за да го запознае своето ново семејство. Следниот ден се сретнал со дури 55 членови на тоа „туѓо“ семејство. Неговата полусестра Венди Гел коментира: „Неверојатно е да се види колку е емотивен и среќен што е срдечно пречекан како дел од нашето семејство“.

Иако Хендшо нема да го поминат Божиќ со новооткриеното семејство, тие веќе планираат заеднички летни кампувања и активно комуницираат преку заедничка група на социјалните мрежи.

Хендшо, кој нема свои деца, рече: „Имав прекрасни посвоители, но секогаш сакав браќа и сестри. Сега имам шест од нив! Не можев да бидам посреќен“.

Оваа неверојатна приказна не‘ потсетува дека Божиќ е време на чудa и повторно поврзување, кое носи надеж и радост дури и во најнеочекуваните моменти.


Фото и Видео: Youtube