Вака изгледа ќерката на Ким Џонг Ун за која велат дека ќе го наследи: Погледнете како се облекува додека нејзиниот татко наметнува сиромаштија
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговата ќерка Ким Ју-ае присуствуваа на новогодишната прослава која вклучуваше огномет и танцување на мраз, објави државниот медиум КЦНА. Нивниот заеднички изглед ги поткрепува прогнозите дека оваа девојка ќе го наследи нејзиниот татко на чело на државата.
Ким Џонг Ун и неговата ќерка пред неколку дена ја посетија „Туристичката област на брегот Калма“. На новогодишната прослава тие беа придружувани од високи функционери на Северна Кореја, нема индикации дека севернокорејскиот лидер одржал говор, но тој е снимен како шета со наследничката на црвениот тепих и го гледа прекрасниот огномет.
Државните медиуми ја опишуваат ќерката на Ким Џонг Ун како „одлична личност за лидерство“. Се претпоставува дека девојчето има 12 години, пишува Дејли Мејл.
Претходните слики на оваа наследничка предизвикаа многу остри критики. Според нивното мислење, контроверзен е изгледот на девојчето, кој остава впечаток на дете кое „ужива во изобилство храна додека другите деца во земјата немаат три оброци на ден поради хроничен недостиг на храна“, се коментираше во 2023 година.
Луѓето веруваат дека девојчето изгледа сосема поинаку од другите деца во Северна Кореја, објави Дејли Мејл. Критиките следеа откако јужнокорејските експерти предвидоа дека на Северна Кореја ќе и недостасуваат еден милион тони жито во 2023 година, што е околу 20 отсто од нејзината годишна побарувачка.
Ќерката на севернокорејскиот лидер се појави во јавноста со нејзиниот татко на отворањето на нова улица во Пјонгјанг во февруари 2023 година. Тоа беше нејзино седмо официјално појавување во јавноста до денес, откако првпат беше видена во јавноста во 2022 година, што ги поттикна шпекулациите дека можеби е подготвена да ја води династијата Ким.
Сепак, јужнокорејскиот министер за одбрана Квон Јанг Се изјави за CBS дека е премногу рано за тоа: „Дури и Северна Кореја да создаде структура за наследување, останува прашањето дали една жена ќе може да го води севернокорејскиот воено ориентиран режим“.
Граѓаните ја осудуваат и фенси облеката со која располага ќерката на Ким Џонг Ун, додека во земјата е на сила забраната за „капиталистичка култура“ и следење на модните трендови.
Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја претходно објави дека девојчето Ким Ју-ае не посетува редовно училиште, но се образува дома и тренира неколку спортови, од кои нејзиниот татко е особено задоволен. Според тој извештај, Ким Џонг Ун има уште две деца, едниот син додека полот на другото дете не е познат.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Извор: Zena.blic.rs